Искористете ги сега нив

Тие спаѓаат во растенија богати со есенцијални масла кои имаат благотворен и смирувачки ефект на варењето се нарекуваат карминативи.

Во комбинација со камилица и глуварче, овие зачини го стимулираат создавањето на ензими потребни за целосно и ефикасно варење на храната, и намалување на работата на бактериите кои создаваат гасови.

Проблемот со надуеност можете да го решите така што ќе направите едноставен пијалок со здрави состојки.

Потребно е:

чаша ладен чај од камилица или глуварче

чаша јагоди

чаша парчиња ананас

јогурт со пробиотични бактерии

лажица мед

една чаша коцка мраз

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и миксајте додека не добиете хомогена мешавина.

Ова е „лекот “ за бели заби

Куркума (науч. Curcuma longa е зелјесто повеќегодишни растение од семејството ѓумбирите (Zingiberaceae).[2] Потекнува од Индискиот потконтинент и Југоисточна Азија, и расте на температури помеѓу 20 and 30 °C (68–86 °F) и бара значителна сума на годишни врнежи за да напредува. Растенијата се собираат еднаш годишно за нивните ризоми и пропагира од некои од тие ризоми и за следната сезона.

Бидејќи дава  пријатен и интересен вкус на јадењата, како и интензивна жолта боја се почесто се  користи зво кулинарството. 

Надвор од кујната, куркумата има голем број здравствени придобивки, како тоа да помага за регулирање на шеќерот во крвта, го намалува ризикот од срцеви заболувања, има антисептички и антимикробни својства, ги намалува воспаленијата како резултат на артритис и не на последно место – помага за белење на забите.

И покрај фактот дека овој зачин има толку заситена жолта боја, тој го отстранува успешно плакот од забите и ги убива бактериите во устата, ги заздравува непцата, а крајниот резултат се бели, здрави и сјајни заби.

За да си направите паста за белење ќе ви бидат потребни 1 лажичка куркума и една лажица вода или маслиново масло. Промешајте многу добро и нанесете ја пастата на влажна четка за заби.

Четкајте бавно во текот на 2-3 минути, а потоа држете ја пастата во устата за неколку секунди. На крај исплакнете ја устата обилно со вода. Применувајте го овој трик секој ден, по миењето на забите со обична паста. По една недела резултатите ќе ќе се видливи.

Ова е лекот за депресија

Експертите од универзитетот Collegea во Лондон спроведоа анкета на повеќе од 13.000 луѓе. Тие се фокусираа на воспоставување на врската помеѓу конзумирањето на чоколадо и почетокот на депресијата. За да го направат ова, волонтерите беа прашани за количината и видовите  на „благи работи“ кои ги јадат и нивната емоционална состојба. Научниците исто така ги зедоа предвид факторите како што се нивото на физичка активност и присуството на лоши навики, особено пушењето.

Резултатите покажале дека љубителите на темно чоколадо биле значително помалку склони кон депресија отколку оние кои воопшто не јаделе. Испитаниците кои два дена конзумирале темно, горчливо чоколадо, имале 70 проценти помалку знаци на депресија. Покрај тоа, во една четвртина од учесниците во анкетата кои редовно јаделе  слатки работи 104 до 454 грама, веројатноста за развој на депресија се намалила за 58 проценти во споредба со оние кои не вклучуваат чоколадо во нивната исхрана . Научниците посочуваат дека само чоколадото со висок процент на какао има таков ефект. 

Постојат голем број механизми со кои чоколадото може да спречи депресија или да ги намали нејзините симптоми, забележуваат истражувачите. Тие велат дека тајната е дека горчливото чоколадо содржи специјални состојки кои имаат одреден ефект врз човечката психа.

„Чоколадото содржи голем број психоактивни супстанции, вклучително и оние слични на анандамид, невротрансмитер кој блокира болка и неколку ендогени биогени амини, кои вклучуваат фенилетиламин, соединение кое игра важна улога во регулацијата на расположението“, заклучуваат истражувачите. 

Покрај тоа, темното чоколадо е богато со антиоксиданси кои го намалуваат „воспалението“  во организмот и чие присуство, според експертите, е исто така директно поврзано со почетокот на стресот и вознемиреноста. 

Претходно, Полските научници откриле дека темното чоколадо е богат извор на магнезиум, цинк и други важни елементи во трагови и црвеното вино се извор на корисен антиоксиданс ресвератрол кој имаат  корисен ефект врз здравјето на луѓето.

Употребата на производи со „против воспалителни“ својства, велат експертите, ја намалува веројатноста за појава на прерана смрт за 18 проценти, а нивното вклучување во дневната исхрана го намалува ризикот од смрт од кардиоваскуларни заболувања за 20 проценти и карцином за 13 проценти.

Конзумирајте почесто риба

Според едно истражување од страна на лекарите кои го воделе ова истражување  било потврдено дека консумирањето риба е многу здраво за организмот и дека придонесува за намалување на канцерогените клетки.

Конзумирањето на само една порција риба три пати неделно или почесто го намалува ризикот од развој на рак на цревата, покажуваат резултатите од најновото истражување на Британските научници кои сметаат дека таквиот тренд треба да се поттикнува во склоп на здравата исхрана.

Научниците од универзитетот Оксфорд и од Меѓународната агенција за истражување на карцином (IARC) ги истражиле прехранбените навики на 476.160 лица кои пополниле прашалници за тоа колку често јадат одреден вид на храна, пишува “Independent”.Анкетата опфаќала и прашања за консумирањето риба, а резултатите покажале дека внесот на 360 гр. било каква риба, три пати неделно, ја намалува опасноста од развој на рак на цревата за 12 отсто во однос на консумирањето на 60 гр. дневно. Исто е и кај лицата кои неделно јадат околу 125 гр. масна риба како лосос – евидентиран е 10 отсто помал ризик од развој на рак на цревата.

Истражувачите напоменуваат дека резултатите од студијата, која е објавена во магазинот “Clinical Gastroenterology and Hepatology” не се однесуваат на школки.

Лекарите кои го воделе ова истражување потврдиле дека консумирањето риба е многу здраво за организмот и дека придонесува за намалување на канцерогените клетки. Тие истакнуваат дека биолошките причини за ваквото делување на рибата не се целосно познати, но и дека според една теорија, специфичните масни киселини познати како омега-3 се заслужни за спречување на развој на рак на цревата.

Едноставните промени во начинот на живот можат да бидат многу корисни. Многу е важно во исхраната да се вклучат интегрални житарици, храна богта со влакна и риба, да се води грижа за здравата телесна тежина, умерено да се вежба, да се избегнуваат преработените масни производи и да се ограничи внесот на црвеното месо во организмот.

Популарно