ОФИЦИЈАЛНО: КК Академија ФМП влезе во Првата кошаркарска лига

Кошаркарите на „Академија ФМП“ од Кисела Вода се пласираа во првата кошаркарската лига.

За влез во првата лига имаа за задача да го елиминираат прволигашот Шкупи кој оваа година немаа ниту една победа, па тоа не беше никаков проблем за кошаркарите на ФМП. Првиот натпревар го добија со резултат 94-67 и со тоа го обезбедија нивниот пласман во првата лига. Играч на натпреварот беше Бојан Стојаноски со постигнат 21 поен 10 скока и 4 асистенции. Додека вториот натпревар го добија со службени 0-20.

-После победата во првиот натпревар, во бараж двомечот за пласман во првата лига, против екипата на Шкупи со резултат 94-67 и неодигрувањето на возвратниот дуел, кој е регистриран со службен резултат од 0-20, се пласираме во првата лига на Македонија. Оваа победа доаѓа како круна на целокупниот труд вложен во текот на целата сезона, на сите кои што се дел од овој кошаркарски проект. Најпрво честитки до нашите играчи кои одлично ја изиграа целата сезона и одлично се справија со целиот притисок. Сите покажаа дека кошарката е начин на живот и дека екипата е една голема фамилија. Честитки до сите симпатизери на „Академија ФМП“ кои коректно го бодреа тимот во текот на целата сезона. Честитки и за целиот стручен штаб на чело со тренерот Игор Гацов – Гац, кој по втор пат во својата кариера, успева да однесе една екипа во првата лига (во минатото тоа го направи со екипата на Амак СП). И на крајот да не заборавиме да им честитаме на сите луѓе кои се вклучени во овој проект и напорно работат за тој да опстои долги години. Огромна благодарност и до нашите соработници. Благодарност на Општина Кисела Вода – изјавија од ФМП Академија.

ФОТО: Филип Кузмановски ја запроси девојката Моника

Репрезентативецот Филип Кузмановски повеќе не е ерген. Синоќа неговата девојка Моника Игнова, со која се во врска повеќе од една година му кажа ДА на Филип. 

Бекот наскоро заминува за Германија, но сега заедно со неговата избраничка која инаку е прва братучетка на репрезентативниот колега на Филип, Дејан Манасков.

Со среќа Филип & Моника, убави заеднички моменти во животот и еден куп дечиња.

Конечно тој се враќа во Барса

Според Шпанските медиуми напаѓачот на ПСЖ, Нејмар се согласил на сите три услови што ги постави Барселона за можно враќање на Камп Ноу.

Ова беа условите кои баше тој да ги прифати: намалување на платата, да се откаже од 26 милиони евра за кои го тужеше клубот и да се извини за грешките при трансферот во Париз. Нејмар е очаен да си замине од Франција бидејќи за двете години таму не му се случи ништо убаво, а имаше проблеми со повреди и суспензии.

Деновиве најверојатно  Барселона и ПСЖ  ќе треба да се договорат околу отштетата, а таа нема да биде помала од 200 милиони евра.

Имаме Европски првак во борење

Нашиот борач Бесар Алили стана европски шампион во борење (слободен стил) во категорија до 48 килограми,.

Тој успеа  во финалето да го ппобеди противникот од Ерменија, Ховханисјан.

Алили за нијанса беше поуспешен од Ерменецот (7-6), па така го освои златниот медал на Европското првенство до 17 години.

На младиот борец му се предвидува голема кариера, а својот квалитет и потенцијалн го докажа токму со освојувањето на златниот медал.

Популарно