Тој го изгуби животот пред настап

Американскиот рапер Tre Da Kid беше најден мртов во неговиот автомобил само еден час пред  да одржи концерт во Анаполис.

32-годишниот рапер беше на пат да се појави во еден од клубовите  кога тој беше застрелан од огнено оружје, по што тој починал од повредата на самото место.

Според извештајот, полицијата  добила повик во вечерните часови во кој  било пријавено  пукање и скршено возило на патот. Досега немаше апсења или осомничени, и во тек е истрага. За секоја информација што може да доведе до сторителот на убиството, се нуди награда од 2000 долари, пишува Capital Gazette..

За бројот на луѓето  што го обожаваа, исто така сведочи и фактот што многумина бараат според него да се именува улицата во која тој бил убиен.

" Кога се сомневавме во себеси, тој ќе нѐ потсетеше дека треба да имаме доверба ", рече неговиот пријател, додавајќи дека Tre Da Kid беше првенствено посветен татко на својот син,  на кого секој ден  му помогаше во  домашната задача и заклучи дека сите го сметаа него  за татко на годината.

Што го предизвикува чешањето по однос кај жените?

Иако е навистина неудобно, чешањето после сексот не е невообичаена појава. Постојат неколку можни причини за чешање, како на пример сува кожа или алергиска реакција на латекс. 

Но чешањето може да потекнува и од некои сексуално преносливи болести, па важно е навреме да откриете која е причината.

Добрите вести се што најчесто лесно можете да се ослободите од проблемот што го предизвикал чешањето.

Сперма

Иако е многу ретка, постои алергиска реакција на протеините во спермата. Симптомите можат да се развијат при првиот сексуален однос, но и подоцна и со друг сексуален партнер.

Имено, можно е со еден партнер да имате алергиска реакција, а со друг не. Алергијата може да се појави и ако сте долго со ист партнер.

Симптомите најчесто се јавуваат во рок од 10 до 30 минути после контактот, а се манифестираат со чешање, црвенило, отекување, болка и пецкање.

Латекс

Алергијата на латекс е реакција на протеините кои се наоѓаат во латексот. Доколку ја имате оваа алергија, реакцијата може да се појави после контакт со кој било производ што содржи латекс, вклучувајќи ги и кондомите.

Благите симптоми вклучуваат чешање, црвенило и осип, а понекогаш дури и кивање, солзење и проблеми со дишењето. За среќа, денес постојат и кондоми без латекс.

Сувост на вагината

Сувоста е честа причина за чешање после секс. Може да настане сувост на срамните усни или сувост на вагината. Ова се случува кога вагината не произведува доволно секрет, а најчестите причини за ова се хормоналните промени.

Друга причина за сувост може да биде недоволна возбуда за време на сексуалниот однос, контрацепциски пилули и други лекови, или некои здравствени проблеми.

Покрај чешањето, за време на и после сексуалниот однос може да се појави болка, зголемена потреба за мокрење или инфекција на мочниот меур.

Нарушена рН вредност

рН е вредност која служи за мерење на киселоста и се мери на скала од 0 до 14. рН вредноста на вагината би требало да изнесува помеѓу 3,8 и 4,5.

Ова ниво на киселост создава заштитна бариера што го спречува настанувањето на штетните бактерии и воспаленија. Високата рН вредност го зголемува ризикот од вагинални инфекции, кои пак предизвикуваат чешање.

Други симптоми вклучуваат непријатен мирис и печење за време на мокрење. рН вредност може да се наруши поради незаштитен секс, антибиотици, доење и менопауза.

Полово преносливи болести

Постојат голем број полово преносливи болести што можат да предизвикаат чешање, а една од нив е трихомонијаза. Оваа инфекција предизвикува обилен вагинален исцедок со непријатен мирис, како и чувство на пецкање за време на мокрење или сексуален однос.

Друга болест што предизвикува чешање е кламидијата. Симптомите се обилен вагинален исцедок и пецкање, но многу луѓе не ги забележуваат на почетокот.

Гонорејата е една од најчестите полово преносливи болести. Доколку не се лекува, може да предизвика сериозни компликации кај половите огани. Првите симптоми вклучуваат болно мокрење, обилен исцедок и крварење од вагината.

Гениталниот херпес го сочинуваат два вируси – тип 1 и тип 2. Иако симптомите не се појавуваат секогаш, некои луѓе добиваат еден или повеќе пликови на или околу гениталиите, болки во телото и слично.

Гениталните брадавици понекогаш можат да се претворат и во рак. Тие можат да бидат остри, рамни или големи. Симптомите се чешање, пецкање и крварење, но секако не треба да паничите, туку само да се проверите доколку често се случува.

Ако си невработен ќе земаш 1500 долари од државата

Убаво објаснување за животот во Австралија, системот кој функционира таму, најдовме на еден Македонски форум, па ви го пренесуваме:

“Сега има директен лет од Дубаи за Мелбурн, Сиднеј, Аделаид, Перт, не се оди веќе во Сингапур.

Во Скопје е премногу топло, па дури и претопло, тука преку ден е топло ама навечер од морскиот/океанскиот ветер се освежува, се спие без клима, во Скопје тоа ми беше невозможно, плус кај да живееш во било кој град во Австралија за 15 минути си на плажа.

Системот е еден од најдобрите во светот после Шведска, лекувањето е беспари, школувањето до средно исто, државата нуди поволни кредити за факултетите кои треба да се отплатуваат од кога ќе се вработиш.

Државата дава на секој што не заработува над 300.000 во годината по 400 долари од дете помош (200 долари на две недели) еднократна помош од 7500 кога ќе се роди бебе, помош од 2500 за самохрани мајки.

Ако си невработен ќе земаш 1500 од државата (ова само ако си државјанин или на постојана виза) тие се доволно да преживееш меѓутоа не можеш на пример да земеш кредит за куќа ако не си вработен,за кола да купиш што е неопходна нема да можеш да купиш пример нова, со истите пари што ќе плаќаш кирија ќе си отплатуваш куќа.

Работник во фабрика зема сатница од најмалку 23-25 долара, се работи 8 саата смена и ако има можност за прекувремено првите три саата се плаќаат за саат, саат ипол (time and a half) после тоа дупла дневница, ако работиш сабота, недела дупла дневница, празници тродупла.

Законот е дека измеѓу една и друга смена мора да има најмалку 12 часа растојание.

Со платата од фабрика може да се живее комотно семејство од 4-5 члена и да се отплаќа кредит за куќа и да не ти фали ништо, мислам да се пребројуваш од четврток до четврток.

Двајца вработени веќе се живее ептен добро, ово зборам за од фабрика плати, што се рачуна за минималец, пример тука градежни работници земаат по 1500 неделна плата, ѓубретарџии земаат 45 долари на саат, во фабрика за рециклирање на ѓубре сатница е 75 долари.”

Краток водич за Кегелови вежби

Кегеловите вежби често се препорачуваат за зајакнување на мускулите  на карлицата, што може да помогне во спречување или подобрување на контролата на уринарната инконтиненција.

Овие вежби се именувани според Арнолд Х. Кегел, американски гинеколог кој го развил овој нехируршки метод во 1940-тите за да помогне да се спречи истекувањето на урината. Тој го измисли пегенеометарот Кегел, инструмент за мерење на мускулната сила на карлицата, пишува Health24. 

Вежбите на Кегел не вклучуваат ништо повеќе од контракција и релаксација на мускулите во дното на карлицата, и тие во основа може да се изведуваат насекаде и во секое време.

Мускулите на карлицата се важни за контролирање на мочниот меур и цревата. Колку мускулите се посилни, толку подобро е контролата. За жал, постојат многу фактори кои можат да ги ослабнат карличните мускули и да ги ослабнат со текот на времето. Овие се причините: природно, бременост, прекумерна телесна тежина, хронична кашлица, хроничен запек или  операцијата на простата.

Кога мускулите на карлицата почнуваат да ослабнуваат, тешко е да се контролира мочниот меур и може да сте склони кон протекување на урината.

Додека Кегел вежбите сигурно може да помогнат за подобрување на силата на мускулите на дното од карлицата и важно да се напомене дека не сите случаи на уринарна инконтиненција  се предизвикани од ослабени мускули. Можете да ги искористите вежбите на Кегел ако испуштате“ неколку капки урина кога кивате, кашлате или дури и се смеете. Тие исто така можат да ви помогнат кога имате потреба од ненадејно мокрење  без способност да го контролирате (итна инконтиненција). 

Други форми на инконтиненција можат да бидат предизвикани од проблемите на нервниот систем. Ако не сте сигурни зошто страдате од уринарна инконтиненција, треба да го посетите вашиот лекар за да ја пронајдете причината и да добиете точен програм за лекување.

Овој тип на вежба се врши со притискање на дното на карлицата како да сакате да го прекинете мокрењето. Во таа состојба останете неколку секунди, а потоа полека ги релаксирате вашите мускули. Повторете го ова околу десет пати неколку пати на ден. 

Исто така се препорачува жените да лежат на грб со раширени нозе свиткани во колената. Тогаш е важно да се вовлече долниот дел од стомакот и да се спушти карлицата на земја. Потоа подигнете и спуштајте, и во секоја позиција, останете неколку секунди.

Популарно