ФОТО: Ова е новиот тренер на еропскиот шампион РК Вардар

Македонскиот и актуелен европски првак Вардар ја продолжува традицијата со ангажирање на шпански експерти на клупата на шампионскиот тим. Откако Урош Зорман не се договори со управата на „црвено-црните“ нов предводник ќе биде искусниот стратег на Ваљадолид, Давид Писонеро. Тој потпишал едногодишен договор со клубот и сега е во потрага по нови играчи.

Преговорите со легендата на словенечкиот ракомет Урош Зорман беа во завршна фаза, но двете страни не се договориле околу помошниците на тренерот. Додека се одржуваше Ф4 турнирот во Келн од Словенија стигна потврда дека Зорман го презема Вардар. Словенецот барал да донесе свои луѓе во стручниот штаб, додека управата на „црвено-црните“ инсистирала помошник да биде шпански тренер. На крајот наместо Зорман во Скопје ќе се дојде уште еден искусен тренер од познатата школа на Ваљадолид, Давид Писонеро.

Деновиве дел од управата на македоонскиот клуб била забележана во друштво на новиот тренер на Вардар во еден познат скопски локал. Тој бил пристигнат на преговори. Овој 46-годишен шпански стратег ќе дојде на клупата на Вардар по Роберто Парондо Гарсија и Раул Гонзалез тренери кои ги однесоа „црвено-црните“ до врвот на Лигата на шампионите. Писонеро и Гонзалез ги поврзува и играчката кариера, во тимот на Ваљадолид каде биле одличен тандем, а соработката меѓу пикерот и централниот бек му донела многу важни титули на шпанскиот тим. Писонеро беше предводник на клупата на Ваљадолид изминативе 18 месеци.

Иако шестмина ракометари на Вардар заминаа, а имаше и најава за „црно сценарио“ клубот излезе од криза и сега се подготвува за новата сезона каде ќе брани четири трофеи, а ќе се обиде и првпат да стане „светски клупски првак“ бидејќи ќе настапува на Супер Глоуб на крајот на август. Тоа е единствен трофеј што им недостасува во клупските витрини.

ФОТО: Филип Кузмановски ја запроси девојката Моника

Репрезентативецот Филип Кузмановски повеќе не е ерген. Синоќа неговата девојка Моника Игнова, со која се во врска повеќе од една година му кажа ДА на Филип. 

Бекот наскоро заминува за Германија, но сега заедно со неговата избраничка која инаку е прва братучетка на репрезентативниот колега на Филип, Дејан Манасков.

Со среќа Филип & Моника, убави заеднички моменти во животот и еден куп дечиња.

Конечно тој се враќа во Барса

Според Шпанските медиуми напаѓачот на ПСЖ, Нејмар се согласил на сите три услови што ги постави Барселона за можно враќање на Камп Ноу.

Ова беа условите кои баше тој да ги прифати: намалување на платата, да се откаже од 26 милиони евра за кои го тужеше клубот и да се извини за грешките при трансферот во Париз. Нејмар е очаен да си замине од Франција бидејќи за двете години таму не му се случи ништо убаво, а имаше проблеми со повреди и суспензии.

Деновиве најверојатно  Барселона и ПСЖ  ќе треба да се договорат околу отштетата, а таа нема да биде помала од 200 милиони евра.

Имаме Европски првак во борење

Нашиот борач Бесар Алили стана европски шампион во борење (слободен стил) во категорија до 48 килограми,.

Тој успеа  во финалето да го ппобеди противникот од Ерменија, Ховханисјан.

Алили за нијанса беше поуспешен од Ерменецот (7-6), па така го освои златниот медал на Европското првенство до 17 години.

На младиот борец му се предвидува голема кариера, а својот квалитет и потенцијалн го докажа токму со освојувањето на златниот медал.

Популарно