Денеска и утре дожд, но од четврток...

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 18, а дневната од 24 до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

И утре во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток ќе преовладува стабилно и многу топло време со максимални температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени.

Не очекува невреме и силен ветер и пообилни врнежи

Поројни дождови и грмежи, нестабилно време кое ќе биде поизразено во попладневните часови, се предвидувањата на метеоролозите за претстојната работна недела.

Почнувајќи од денес УМХР соопшти дека не очекува невреме и силен ветер и пообилни врнежи.

Што се однесува на температурите тие ќе бидат во пад а максималните ќе се движат до 35 степени Целзиусови.

Нестабилното време ќе се стабилизира кон крајот на работната недела кога и ќе се врати потоплото време.

Претпладне сончево, а попладне услови за дожд

Времето претпладне ќе биде сончево понекаде со умерена облачност. Од пладневните часови и особено на североисток ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Утре ќе дува западен до југозападен ветер кој особено во западните делови и на повисоко ќе засилува. УВ=9. Максималната температура ќе достигне 35 степени.

Сончево и потопло со мала до умерена облачност

Времето денес: Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 37 степени. УВ=9

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

T= 32 °C, P= 980 hPa, U= 48 %, V= 3 m/s.

(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Популарно