Собранието ја прифати оставката на Груевски, но ќе му дава плата уште цела година?!

Никола Груевски, кому вчера му беше констатирана оставката во Парламентот и кој по судските процеси доби политички азил во Унгарија, според Законот за пратеници има право да побара да остварува плата и по престанувањето на мандатот за време до една година. Ова право го има и Павле Богоевски, кој денеска поднесе, а Собранието му ја констатира оставката.

Засега нема информација дали Груевски, кој е во Будимпешта, ќе поднесе барање за плата, додека Богоевски, како што кажа на прес-конференција во Собранието, сé уште размислува за тоа.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека досега Груевски не поднел барање за апанажа.

И Груевски и Богоевски беа пратеници повеќе од две години односно во Парламентот се од крајот на 2016 година и според Законот за пратеници можат да остваруваат право на плата една година. Сумата што тие би ја добивале е 63.000 денари, односно онолку колку што изнесуваше досега нивната плата.

Во членот 36 од Законот за пратеници се наведува дека пратеник во Собранието може да остварува плата и по престанување на мандатот за време до една година и тоа: три месеци ако мандатот на пратеникот траел до шест месеци, девет месеци ако мандатот на пратеникот траел до 12 месеци и еден ден до 24 месеци, и 12 месеци ако мандатот на пратеникот траел 24 месеци и еден ден и повеќе. Пратеник може да остварува плата и подолго од една година, а најмногу уште шест месеци, доколку во тоа време стекнува право за старосна пензија. За време на остварувањето на ова право пратеникот нема право на други лични примања и надоместоци на трошоци.

Според Деловникот за работа на Собранието пратениците на кои им престанал мандатот и поднеле оставка, барање за плата односно апанажа треба да поднесат до Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Личното барањето треба да се поднесе најдоцна во рок од 30 дена од денот на престанувањето на функцијата.

Зеколи: Груевски не заминат, само привремено отсутен!

Премиерот Зоран Заев за германски ФАЦ со сигурност тврдеше дека знае како избегал Груевски – сокриен во багажник, на што овој денеска му одговори: „во животот на памет не ми паднало да влегувам во багажник за било какви цели. Вистината ја знае и Заев“.

На оваа преписка видување има и политичкиот аналитичар Арсим Зеколи.

ВИДЕО: Гоце Делчев бил македонски револуционер и од тоа нема остапка!

Ако бугарската страна инсистира да се напиште дека Гоце Делчев е бугарски револуционер, тогаш нема да биде постигнат никаков резултат во поглед на тоа прашање, вели претседателот на македонскиот тим во мешовитата бугарско-македонска комисија за историјата, Драги Ѓорѓиев.

Според Ѓорѓиев во македонските учебници, Гоце Делчев ќе остане македонски револуционер и никако нема да се прифати тој да биде признаен како бугарски револуционер.

Доновиве бугарските вицешпремиери Екатерина Захариева и Керасимир Каракачанов испратија порака дека Македонија мора да признае дека Гоце Делчев бил Бугарин и се заканија со попречување на македонското членство во ЕУ доколку тоа не се прифати.

(ВИДЕО) Заев се пофали: Меркел ми бараше совет за Косово

Во излагањето на премиерот Зоран Заев на форумот Европа – Вахау во Австрија тој, меѓу другото, раскажа дека пред еден месец канцеларката Меркел побарала совет од него што да му понуди на српскиот претседател Александар Вучиќ за да го мотивира за да најде заедички јазик со косовскиот претседател Хашим Тачи за да постигнат договор за Косово.

Ѝ одговорив: Понудете му ја Европа. Можете да нудите пари за поврзување, за железници. Не, Европа, европски вредности, зашто то ане мотивира нас а да донесеме толку чувствителна одлука, ја посоветувал нашиот премиер германската канцеларка.

Популарно