Заев призна: Нема датум во Јуни!

Ние направивме се што требаше, сега треба Европа да го стори истото, изјави премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено“ на телевизија 24 на тема „Две години Влада“.

Според премиерот, консталацијата на односите во регионот, односот Белград-Приштина, како и состојбата со Албанија се причините за евентално недобивање на датумот за преговори.

-Блескав е извештајот, 28 земји членки се позитивни за нашиот наредок. Очекувам, со силата на аргументите и сработеното во реформите ЕУ да возврати. Ние сработевме нешто што чекавме 14 години и заслужуваме. Сигурен сум дека ќе добиеме датум но сакаме тоа да биде порано. Веројатно по состанокот со канцеларката Меркел ќе имаме подетални информации. Јас сум убеден дека најмалку ќе биде верификувано се што е направено и дека ќе има јасно прецизно определување кога ќе го добиеме датумот за преговори. Мене ми е јасно дека јуни не е толку извесна можност, но имаме можности за јули, изјави Заев.

Посочи дека очекува моќта на привлекување на ЕУ на земјите кандидатки да опстои и двете стратешки цели, членство во НАТО и добивање на датум за почеток на преговорите ќе бидат исполнети годинава.

Тој рече дека нема да избрзува да каже дали е изигран, но вели дека животот е борба, животот не е фер.

-Никој не ги става под знак прашање реформите, вели Заев.

Премиерот верува дека ЕУ ќе го испорача датумот за преговори. За германската канцеларка Ангела Меркел вели дека таа е пријател на Македонија и на нашиот народ.

Ако не добиеме датум, рече дека сите опции се отворени како избори или враќање на мандат.

Ужасни слики сред Скопје

Сериозен проблем си имаат жителите на скопската населба Кисела Вода со зависниците кои таму секојдневно доаѓаат за да примаат терапија. 

Од утрово тие секој ден ќе ја блокираат главната раскрсница во Кисела Вода.

„Ние како група на граѓани кои живееме во непосредна близина до центарот за зависности во Кисела Вода се обракаме до Вас со образложение зошто утрово и секој нареден ден од сега ке ја блокираме раскрсницата кај булеварот Борис Трајковски. Имено ние се бориме со овој хорор филм повеќе од 20 години. Последнава година излеговме многу пати на протести но бевме целосно игнорирани од одговорните институции.Од министерот Венко Филипче добивме писмено ветување дека до 6 мај оваа година болницата целосно ке биде дислоцирана ни тоа не се случи. Сите наши протести беа целосно игнорирани од скоро сите медиуми. Секоја чест на исклучоците. Ние не сме политички ориентирани и се бориме за нашите деца да не растат со трауми од болницата во која нема никакви услови да се лекуваат зависници од дрога. Наша секојдневна глетка се шприцеви и полуголи нарко зависници кои се дрогираат пред нашите дворови. Потенцираме дека ниту моменталната власт ниту било која претходна власт во последниве 20 и повеќе години не биле ни малку заинтересирани за решавање на нашиот проблем. Ние се извинуваме на нашите сограѓани за нервозите кои ги имаа утрово и ќе ги имаат понатаму,но додека нашиот проблем не се реши нема да застанеме, напротив ке бидеме уште порадикални со нашите протести.“ – велат тие во своето писмо до медиумите.

Мицкоски: Сега сите пари ќе одат кај Вицето

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во видео изјава за медиумите изјави дека веќе не се сомнева дека сите пари од државата ќе одат кај Вицето.

Овој негов став е по обелоденувањето на намератапремисерот Зоран Заев да биде и министер за финансии.

Оќоравената војска на Самоил е Македонска!

Актерот Владо Јовановски на својот Фејсбук-профил објави интересен статус во кој го коментира потеклото на истакнати личности од македонската историја, со акцент на царот Самоил.

Цар Самоил имал тројца браќа, Давид, Мојсеј и Арон. Значи, Самоил, Давид, Мојсеј и Арон. Исто како што старозаветниот пророк Мојсеј  имал тројца браќа… Самоил, Давид и Арон. Значи, Мојсеј, Самоил, Давид и Арон. Чудна ‘случајност’!

За Цар Самоил некои велат дека бил Ерменец…Ерменец или Арамеец (народот кој го говорел јазикот што го говорел Христос – Спасителот), јас не знам? Но, сега е полесно… За такви дилеми сега, нека си ја к’цат главата, Ерменците, Арамејците, Бугарите и сите кои претендираат на него, дека е нивни цар. Нивна работа… Нам, пак, лесно ли ни беше, што со векови го славевме како НАШ…?! А? Лесно ли ни беше…?

Единствено нешто во кое скоро сто отсто сум сигурен е дека оќоравената војска на Самоил е македонска! Гарант. Барем за 99 од 100 војници во редот тврдам дека биле Македонци! ‘Пред фактите и вистината и Боговите молчат’!“, пишува Јовановски на Фејсбук.

Популарно