Трамп и Пенс ги забранија геј знамињата

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, во интервју за Ен-Би-Си (NBC) ја бранеше одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да забрани на амбасадите да се вее знамето на виножитото во текот на месецот (јуни), кога се организираат геј паради.

Според Пенс, забраната е „вистинската одлука”. Потпретседателот на САД рече: „Ние се гордееме што му служиме на секој Американец”, но „кога станува збор за американските амбасади и главните градови во светот, само едно американско знаме се вее”.

Пенс, кој претходно беше критикуван поради предупредување дека ќе има „распаѓање на општеството”, ако им се дозволи на хомосексуалците да стапуваат во брак, изјави дека администрацијата на Трамп не им наметнува ограничувања на американските амбасади да постават знаме на виножито или други знамиња на други места во мисијата.

На најмалку четири амбасади на САД, во Израел, Германија, Бразил и Латвија не им било дозволено да го постават знамето на виножитото. Ричард Гренел, амбасадорот на САД во Германија, кој призна дека е геј, води американска кампања за декриминализација на хомосексуалноста во светот. Тој најави дека би бил „горд” да го развее знамето на виножитото.

Но државниот секретар Мајк Помпео верува дека држачот за знаме во амбасадите мора да биде сочуван само за знамето на САД.

И покрај забраната, некои амбасади и конзулати, најмногу американските мисии во Сеул, Јужна Кореја, и Ченаи во Индија, закачија големи знамиња на виножито на фасадите. Амбасадата во Њу Делхи беше покриена со боите на виножитото.

Меркел: Ќе направам се С.Македонија да добие датум за преговори со ЕУ

Меркел ќе ја заложи „сета своја политичка тежина“ за преговори со Северна Македонија

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска од Брисел се заложи дека ќе стори сѐ за одредување датум за почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ до октомври и порача дека во прашање се неколку недели, јави дописничката на МИА од Брисел.

Одговарајќи на прашање на МИА на крајот на дводневниот самит на лидерите на Европската Унија, за тоа дали може да гарантира датум за преговори, откако одлуката беше одложена до крајот на октомври, Меркел изјави дека лидерите на ЕУ вчера разговарале за Северна Македонија.

-Ќе направам сѐ што можам за да се донесе таа позитивна одлука затоа што Северна Македонија направи примерна работа со Преспанскиот договор, одлична работа, и разговаравме за ова вчера. Станува збор за неколку недели, навистина, но нашата заложба стои и што се однесува до мене ќе ја заложам сета своја политичка тежина за ова, изјави Ангела Меркел.

ВИДЕО: Меркел неконтролирано се тресе при церемонијата во Берлин

Германската канцеларка Ангела Меркел неконтролирано се тресеше за време на церемонијата во Берлин во чест на новиот украински претседател Володимир Зеленски.

По низата реакции на социјалните мрежи и самата Канцеларка потврди дека и се слошило, односно рече дека дехидрирала и затоа се тресела.

Популарно