НОВИТЕ JAGUAR F-PACE И RANGE ROVER EVOGUE ЌЕ ГИ ПРЕЧЕКААТ ГОСТИТЕ НА БРИТАНСКАТА АМБАСАДА

Британската Амбасада вечерва во Музејот на Современа Уметност, традиционално ќе го одбележи Националниот ден на Велика Британија, а гостите на автентичен начин ќе бидат пречекани од Британските премиум креации на луксузните компактни SUV возила – Jaguar F‑PACE и Range Rover Evogue!

Доминантниот Range Rover Evogue ќе биде изложен пред самиот музеј каде што гостите ќе имаат можност да се запознаат со неговата нова технологија и технички иновации кои првпат се вградуваат во SUV сегментот и асоцираат на поголемите модели од гамата на Range Rover. Моделот претставува совршена рамнотежа помеѓу беспрекорната способност и префинетоста при друмското возење што овозможуваат Range Rover Evoque да се вози со задоволство, комоција и уживање. Со раскошни природни материјали во внатрешностa на кабината, дизајнот ја следи стратегијата на редукција и смиреност.

Range Rover Evogue овој пат сцената ќе ја дели со Jaguar F-PACE перформансниот SUV. Од испакната хауба до нагласените задни крила, неговиот моќен изглед го прави исклучителен и ги привлекува погледите. Модел кој плени со својата возбудлива природа и карактер  доби доби пет ѕвездички според Euro NCAP тестовите за безбедност. Високите оценки за заштита за возрасни, деца и пешаци потврдуваат дека F-PACE е меѓу најбезбедните возила на пазарот. Комбинацијата на мерки за активна и пасивна безбедност вклучува стандардни карактеристики, како Автономно итно кочење со Систем за забележување пешак, заедно со опционалните системи за помош на возачот како што се Помош за задржување во коловозна лента и Надзор на состојбата на возачот.

Доколку сакате уште подобро да ги запознаете или пробате овие модели, направете го тоа веднаш кај овластениот увозник – Аутомобили Гроуп на ул. Скупи бр.8, 1000 Скопје.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно