ВНИМАВАЈТЕ: Отровна риба почна да излегува на бреговите на овие острови во Грција

Озогласената „риба пајак“ годинава првпат е забележана во грчкото туристичко место Неи Пори. Како што пренесува српски „Телеграф“, повикувајќи се на туристите кои оваа година престојуваат таму, Србинка добила била ранета од рибата на палецот од ногата.

Таа веднаш побарала лекарска помош, а докторот ѝ кажал дека имала среќа што се јавила во првите 15 минути по убодот од отровната риба. Инјекцијата ја примила во палецот, на местото на убодот, а потоа примила антибиотик.

Луѓето кои коментирале за тој случај најчесно пренесувале и некои нивни искуства со отровниците, а на повеќето тоа им се случило во Паралија. За жал некои од нив подоцна имале компликации на местото каде што ги каснала рибата, а некој човек морал да оди на хирургија и да го отстрани делот од кожата каде што бил отровот од рибата.

Ја имав таа несреќа да стапнам на отровна риба во Грција. Стапнав на неа во моментот кога трчав по песокот во водата. Одеднаш почувствував неопислива болка, не знаев што ме снајде, мислев дека ги скршив сите прсти на стапалото или дека стапнав на стакло. Меѓутоа имаше многу малку крв, а премногу болка. И да знаев за жешкиот камен и жешката вода кои помагаат немаше да се сетам во тој момент, затоа што немав поим што се случи, напишала на „Фејсбук“ девојката од Србија која претходните години имала непријатно искуство со морски пајак.

Сопругот веднаш ја однел во болница каде што дознала дека веројатно нагазила на риба со боцки на грбот.

Ми дадоа инјекција која не знам зошто служи, но одвај ми ја намали болката, а ми дадоа и рецепт за некоја маст. Епилогот на целата приказна беше тоа што цел ден чувствував болки, а стапалото ми отече толку многу што цел ден носев папучи. Отокот и понатаму не се повлече целосно ни по две недели, додала девојката.

Рибата, која вообичаено живее во големите длабочини, во последно време сè почесто се појавува во близина на крајбрежјето, а бидејќи вешто се сокрива во песокот, доколку ја згазнете таа испушта отров. Кога ќе испушти отров почнуваат неподносливи болки па затоа потребна е итна медицинска помош. Првата помош е жешка вода затоа што отровот е термолабилен, поради тоа не е лошо секогаш покрај себе да имате шише вода која ќе ја чувате на сонце.

Оваа опасна риба ја карактеризираат високо поставени очи, долната вилица е подолга од горната вилица, и шарите на грбот. Од долната страна има боцки свртени наназад, а слични боцки има и на првата грбна перка.

Токму со убодот од овие боцки, морскиот пајак го внесува отровот во телото на жртвата со драматични последици, а некогаш во минатото кога немало адекватна медицинска помош сето тоа резултирало со смрт.

(Видео) Ученик и професорка страсно се бакнуваат среде час

Неименувана универзитетска професорка, наводно била избркана од своето работно место откако протече видео кое потврди дека таа се бакнувала со еден од нејзините студенти среде час.

Недоличното однесување го снимиле колегите на младиот и многу самоуверен Ромео на Државниот транспортен универзитет во Нижни Новгород, а во меѓувреме тамошните портали објавија дека снимката била направена минатата година откако училиштето добило дојава дека професорката многу лесно влетувала во романтични авантури.

Во однос на образовната институција во која е снимен скандалот, корисниците на социјалните мрежи претпоставуваат дека младиот заводник бил полнолетен кога му паднало на памет да ги почувствува усните на својата професорка, па во овој контекст, ниту руските портали не спомнале некаква истрага.

Засега не можеа да потврдат информациите дали навистина професорката е отпуштена поради ова.

Целото видео можете да го погледнете ОВДЕ

Бебе во Америка починало откако мајката го оставила да спие во рерна

Мараја Томас од Канзас Сити, Мисури беше обвинета за загрозување на благосостојбата на дете.

Како што објави обвинителот, бебе починало откако неговата мајка по грешка го заспала во рерна.

Во петокот попладне полицијата реагираше на пријава за бебе кое не дише. Во изјавата за веројатната причина се наведува дека брзата помош го нашла детето со видливи изгореници. Бебето е констатирано мртво на местото на настанот.

Во соопштението за медиумите се наведува дека сведокот рекол дека мајката „го заспала детето и случајно го ставила во рерна наместо во креветчето“. Полицијата не прецизираше како точно дошло до грешката, пишува Sky News.

„Ја препознаваме ужасната природа на оваа трагедија и нашите срца се тешки поради загубата на овој скапоцен живот. Веруваме дека системот на кривичната правда соодветно ќе одговори на овие ужасни околности“, рече окружниот обвинител на округот Џексон, Жан Питер Бејкер.

Пијан полицаел застрелал жена во грб, па додека лежала на земја испукал уште 15 куршуми

На Елвис Ќустендил, осомничениот за убиството на Амра Кахримановиќ на 7 февруари 2024 година, в.д. обвинител на Кантоналното обвинителство му одредил притвор, пренесува Аваз.

Ќустендил е осомничен дека откако Амра Кахримановиќ, косопственик на ресторан во Трговскиот центар Сјењак во Тузла, дошла околу 21:00 часот да го затвори ресторанот и да ја напушти просторијата, тој одеднаш станал, ја следел жртвата во ходникот на трговскиот центар и од непосредна близина на подмолен начин испукал еден истрел во грбот на повредената.

Пукал, со службен пиштол, со оглед на тоа дека убиецот е полицаец.

Откако ја застрелал во грб, додека жртвата лежела на подот, испукал уште петнаесет истрели во различни делови од телото и ја убил.

Набргу по настанот, осомничениот бил приведен од припадници на Единицата за поддршка на МВР ТК пред зградата во која живее во Тузла.

Припадниците на Секторот за криминалистичка полиција извршија кривична истрага, а заедно со пријавата за стореното кривично дело, пријавениот е предаден на Обвинителството.

Популарно