ВИДЕО: Зад сцената владееше лудило во Ѕвездите на Гранд

Седумнаесетгодишната Џејла Рамовиќ од Горажда, Босна и Херцеговина, победи на Ѕвездите на Гранд оваа година и така стана втора девојка која после 13-та сезона на ова шоу победила.

Овогодинешната конкуренција беше многу силна, сите 16 кандидати беа подготвени, а за тоа беа задолжени нивните ментори: Јелена Карлеуша, Ѓорѓе Давид, Марија Шерофиќ, Ана Бекута, Вики Милјковиќ и Драган Стојовиќ Босанац.

Додека натпреварувачите се потеа на сцена, зад сцената владееше лудило. Погледнете делови кои не беа прикажани во преносот во живо:

(ФОТО) Вук Моб: „За малку ќе бев два метри под земја"

Српскиот рапер Вук Моб доживеал страшна сообраќајна несреќа, а за среќа поминал без тешки повреди.

По несреќата, српскиот рапр на социјалните мрежи објави фотографија од несреќата, пишувајќи дека ги повредил вилицата и раката.

И момчето кое го возело другиот автомобил со кој се судрил раперот, исто така поминало без тешки повреди.

- Господ е голем, доживеав вчера сообраќајка, а фала богу ни на мене ни на другото момче не ни е ништо. Јас малку ја поврдив вилицата и раката, но не е океј, напиша раперот.

Додаде дека само момент невнимание го делеле од два метри под земја.

ФОТО: Историјата се повторува

За месец дена ќе се жени синот на српската популана пејачка Цеца, а судбоносното „да“ со својата избраничка Богдана ќе го кажат во познат белградски хотел, а спред српските медиуми младоженецот за тој ден збра да ја облече воената униформа на својот татко.

Имено Вељко ќе ја носи униформата која ја носеше неговиот покоен татко пред 25 години, кога се оженил за Цеца.

- Цеца ја чувала воената униформа сите овие години заедно со својата венчаница и емотивно е поврзана со тие работи, а Вењко тоа добро го знае. Кога изразил желба да ја носи униформата од татка си, Цеца била воодушевена и веднаш се сгласила- рекол извор близок до семејството Ражнатовиќ.

- Што се однесува на Богдана, Вељко не инсистира да ја носи венчаницата на Цеца, меѓутоа и тоа може да се случи бидејќи Цеца сака да и ја даде венчаницата и да и купи уштеедна во која подоцна ќе се пресоблече- пренесува истиот извор.

Инаку моделот на венчаница кој Цеца го носеше на свадбата беше популарен во Србија, а за тоа потврдува и фактот што снимката од касетата од венчавката на Аркан и Цеца била распродадена во повеќе од 100.000 примероци.

(ФОТО) Елена Ристеска: Се борам во овој машки свет

Поп пејачката Елена Ристеска ја доби наградата „Дама на годината“ во регионот, за постигнувања, работа и креативност на регинално ниво, што се одржа во Врњачка Бања во Србија.

- „Благодарам за наградата “Дама на годината” за регионот- за работа, придонес и креативност. Иако повеќе ми значеа коментарите на луѓето за мојата работа и глас, чест ми беше вечерва да бидам помеѓу сите овие успешни и хумани дами. После 17 години во музиката и пред прагот на еден сосема нов бизнис-основање на мој бренд за козметика, наградата ќе ја сметам за поттик за уште поголема борбеност во овој “машки” свет, како самостојна и независна жена“, напиша таа.

Популарно