Ужасни слики сред Скопје

Сериозен проблем си имаат жителите на скопската населба Кисела Вода со зависниците кои таму секојдневно доаѓаат за да примаат терапија. 

Од утрово тие секој ден ќе ја блокираат главната раскрсница во Кисела Вода.

„Ние како група на граѓани кои живееме во непосредна близина до центарот за зависности во Кисела Вода се обракаме до Вас со образложение зошто утрово и секој нареден ден од сега ке ја блокираме раскрсницата кај булеварот Борис Трајковски. Имено ние се бориме со овој хорор филм повеќе од 20 години. Последнава година излеговме многу пати на протести но бевме целосно игнорирани од одговорните институции.Од министерот Венко Филипче добивме писмено ветување дека до 6 мај оваа година болницата целосно ке биде дислоцирана ни тоа не се случи. Сите наши протести беа целосно игнорирани од скоро сите медиуми. Секоја чест на исклучоците. Ние не сме политички ориентирани и се бориме за нашите деца да не растат со трауми од болницата во која нема никакви услови да се лекуваат зависници од дрога. Наша секојдневна глетка се шприцеви и полуголи нарко зависници кои се дрогираат пред нашите дворови. Потенцираме дека ниту моменталната власт ниту било која претходна власт во последниве 20 и повеќе години не биле ни малку заинтересирани за решавање на нашиот проблем. Ние се извинуваме на нашите сограѓани за нервозите кои ги имаа утрово и ќе ги имаат понатаму,но додека нашиот проблем не се реши нема да застанеме, напротив ке бидеме уште порадикални со нашите протести.“ – велат тие во своето писмо до медиумите.

Пендаровски се заблагодари и на албански до американскиот Сенат

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, упати благодарност до Сенатот на САД за ратификацијата на протоколот за членство на нашата земја во НАТО.

„Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност“, објави шефот на државата.

Пендаровски истото до Вашингтон го напиша и на албански и англиски јазик.

Инаку, вчера „ЗА“ гласаа 84 сенатори, а само двајца сенатори, еден од Јута и еден од Кентаки, се изјасниле негативно, додека не гласале 14.

Европскиот парламент денеска ќе и се извинува на Македонија

Европскиот Парламент денеска во Стразбур повторно ќе побара отворање на преговорите за членство со ЕУ за Македонија и Албанија, а дебатата ќе се одржи попладнево.

Денеска на дневен ред на пленарна седница треба да стави вонредна резолуција со која ќе се изјасни дека Скопје и Тирана треба да ги започнат пристапните преговори со Унијата.

Вонредната резолуција доаѓа откако ЕУ не успеа да постигне консензус на последниот самит, пред сѐ поради противењето на Франција.

Предвидено е ЕП да изрази жалење поради одлуката на земјите членки да го блокираат стартот на преговори со двете земји. Во верзијата на Социјалдемократската група се критикува „улогата на претседателот на Франција и други земји членки во овој поглед”.

Пратениците се очекува да им посочат на земјите членки дека Советот треба да понесе одговорност за одлуката, да се однесува согласно сопствените заложби и да се држи до принципот на сопствени заслуги во оценувањето на земјите кандидати.

Предложените амандмани предвидуваат да ја поздрават „одлучноста на Северна Македонија да продолжи да напредува во реформската ЕУ агенда” како и силно да ја пофали „позитивна дипломатија на Северна Македонија”, посебно во однос на билатералните договори со Грција и Бугарија. 

За ова прашање се очекува повторно да се разговара во Рим во ноември, а одлуката да биде преиспитана следната година во мај на Самитот во Загреб.

Заев: Јас сум првиот што сака Груевски да ја одлежи казната

Премиерот Зоран Заев вечерва во гостувањето на ТВ24 истакна дека во моментот кога Груевски избегал бил слободен човек.

„Човек што е слободен, во секоја земја може да ја напушти државата. Тогаш се истражува, не сега. Човекот фатил границата кон Албанија и во тој момент бил слободен. Јас сум првиот што сака Груевски да си ја одлежи казната за пример дека има казна“, рече Заев.

Популарно