Заев: Октомври ќе биде октомври

Поприлично сум сигурен дека октомвриската одлука од ЕУ ќе биде одлука за добивање датум, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за ТВ Сител и најави дека над 200 функционери ќе опфати најавената „метла“.

Покрај министрите, за кои веќе утре Собранието треба да ги разреши и да гласа за новите предлози на премиерот, ќе опфати заменици министри, директори на централно ниво, членови на управни одбори, надзорни одбори, директори на локално ниво…

Ова го најави премиерот Заев, кој оценува дека доволни се промените во министерските места во Владата и дека се продолжува со промените по вертикала, а очекува целиот процес да заврши на почетокот на јули.

– Голем дел од незадоволството беше концентрирано кон високи функционери кои ги нарекуваа и локални шерифи. Дел се политички функционери од СДСМ, каде се завршија големи промени, почнувајќи од најниско ниво, односно  претседатели на општинските организации, извршниот одбор, централниот извршен одбор, дел од потпретседателите се нови каде сме во финална фаза, директорските места се тие каде што допираат граѓаните и секако од министерските места и дел од заменичките министерски места, што ќе се случат во периодот што претстои. Јасно ја доловив пораката од граѓаните каде тоа лежи незадоволството и секако дадов шанса на одредени министри кои имаат поголем капацитет и можат да го покажат. Верувам дека успешно го завршуваме тој процес. На самиот крај ќе ги очекуваме и следните решенија што ќе се случат на директорски места на централно ниво, во делот на управни одбор, надзорни одбори, на подрачните единици, директорски места на локално ниво. Комплетно ќе се работи за севкупна политичка и општествена промена на повеќе од 200 луѓе, рече премиерот.

За промената на министерот за финансии Драган Тевдоски, потенцира дека не е незадоволен од работата на министерот и дека единствената причина е неговото влегување во ова Министерство.

-Се работи за министер и министерство  кое ги направи најголемите реформи или е поврзано со реформите што се случија во државата или дефинитивно претставува од тие што направија најмногу реформи. Така што благодарение на тоа Министерство се зголемија минималната плата, се укина радиодифузната такса и се обезбедија финансиски средства, преку самото Министерство се димензионираа политики кои овозможија подигање на социјалната политика. Влегувам во последната фаза јас лично како политичар кој добил мандат од граѓаните дефиниран преку парламентот да ја составам Владата во конечните реализации на програмските определби. Како што се зголемија социјалните помошти, верувам дека следуваат доста храбри чекори, доста решителни кои чест и одговорност ми е да ги носам јас и во таквите храбри и решителни чекори да постигнеме сериозни ефекти во зголемувањето  на просечната плата, рече премиерот.

Тој додаде дека доколку бидат перформансите доволно добри ќе донесе и храбри одлуки и во делот на зголемување на пензиите со таргет од 1 јануари 2020 година, кое, како што потенцира, дефинитивно ќе значи чувствување на граѓаните на придобивки од севкупните економски политики.

Во врска со министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки кој со реконструкцијата е предлог да биде на чело на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, рече дека  работите се решени низ дијалог и дека одлуката била заедничка  Дураки да го напушти ресорот екологија и да премине во новото министерство.

– Низ разговори ги решавме работите. Притисок нема. Довербата е голема. Заедничка беше одлуката господинот Садула Дураки да ја напушти екологија. Тој е висока политичка фигура во ДУИ, одговорноста на едно општество за сите е на сите. Ова Министерство само по себе е создадено за да поминеме во едно ново ниво на живеење и опстојување етнички различни во мултиетничка РС Македонија. Доста беше рамковен договор, Македонци, Албанци… Преку ова министерство сите стануваме граѓани. И тоа поминување на тоа повисоко ниво дефинитивно треба да биде дефинирано од помалку бројните заедници, не само од албанската. Во него ќе учествуваат и другите помалку бројни заедници. Од помалите етнички заедници ќе биде пополнети заменичкото место и државниот секретар, рече Заев и додаде дека очекува Дураки да даде придонес, бидејќи тој е потпретседател на ДУИ и тоа е основата  зошто тој како политички претставник на најголемата албанска политичка партија во Владата си ја зема таа одговорност и тоа е сосема еден друг амбиент од тоа што е екологија.

Во интервјуто изрази уверување дека во октомври ќе добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ.

Поприлично сум сигурен дека октомвриската одлука ќе биде одлука за добивање датум за преговори, рече премиерот.

-Октомври по 15 години е конечно  добивање одлука за почеток на преговорите. За мене е неповторлив драгоцен момент кое нашето општество, нашата држава, нашиот народ мора да го искористи. Доаѓаат убави времиња комплетно за сите граѓани во наашта земја. Во период од добивање НАТО членство или пред добивање членство и датум за почеток на преговори во сите земји кој поминале низ тој процес во некои шест месеци до година биле драгоцени и неповторливи и максимално треба да ги искористиме, рече премиерот и додаде дека со целиот свој кредибилитет и со целата одговорност за да одржиме економска лекција верувам дека таа лекција ќе ја потврдат дефинитивно граѓаните затоа што 2020 е изборна година.

Во врска сообјавената снимка со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, премиерот рече дека доколку истрагатата го потврди тоа треба да сноси одговорност и дека ќе побара оставка.

-Тоа е видое снимка што се појавила на социајлните мрежи, и оставам органите на истрагата тоа да го потврдат. Апелирам да се истражи. Законот мора да важи за сите. Секако ако се потврди во истрагата дека е тоа точна треба да си носи одговорност. Секако и јас сум првиот што ќе побарам оставка. Оваа Влада покажа и досега. Пвиот дел имаме осум сменети министри, сега имаме шест. Директори се сменија и ќе се сменат. Никогаш не било така да се има таква одговорност, но сите треба да тргнеме од личната одговорност и затоа при вакви случаи дефинитивно ако истрагата потврди она што го видовме буквално дека е такво и кога ќе се утврдат сите околности, зошто фер е да се слушне и другата страна за тоа што била причината, рече премиерот Зоран Заев.

Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера

По повод Рамазанските пости и во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

На вечерата присуствуваа претставници од државно-владиниот врв, бизнис заедницата, претставници на верските заедници, претставници од академската заедница, од политичките партии, медиумите и граѓанските организации, како и претставници на дипломатскиот кор, информираа од Кабинетот на претседателот.

Согласно исламските верски обичаи, Поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема Шакир ефенди Фетаи ја одржа завршната молитва.

„Најсветиот месец во Исламот, Рамазан, е време за духовно закрепнување, за обновување на релациите со роднините и пријателите, но и за милост и солидарност кон немоќните. Како што рамазанскиот пост е лично искушение на внатрешно преиспитување на поединецот, така Ифтарската вечера е заеднички чин на социјална правда бидејќи подразбира правење место на трпезата и за оние кои имаат помалку. Тоа е особено важно во време на глобални кризи кои најмногу ги удираат најранливите и најсиромашните“, кажа Пендаровски на вечерата.

Но, освен за продлабочување на верата во животот на верникот, Ифтарската вечера е и можност за продлабочување на соживотот во македонското општество.

„За нашите предци немало поголема чест од тоа, некој со различна вера од нивната, да ги покани на празнична трпеза. Кога муслиман кани на Ифтар, или кога христијанин подарува велигденско јајце, тоа е начин да каже дека ја почитува твојата различност и те прифаќа таков каков што си. Тоа го правиме и ние вечерва“, додаде Пендаровски.

Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април

Вработените во здравството нема да добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата поради непотпишувањето на анексот на колективниот договор. Поради тоа на 8 април најавуваат протест што ќе почне од пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија, а ќе заврши пред Министерството за здравство.

- Протестот ќе биде токму во насока на изразување незадоволство од непотпишувањето на анексот на колективниот договор којшто веќе беше завршена работа, но поради политичките игри остана непотпишан и со тоа повеќе од 20 илјади работници во здравството остануваат без усогласувањето на нивните плати со порастот на минималната плата, соопшти денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. 

Според информациите на ССМ, освен вработените во здравството, усогласување на платите ќе нема и во образованието и во Министерството за внатрешни работи.

- Усогласување со порастот на минималната плата ќе нема и во образованието поради непотпишување на колективниот договор. Според моите сознанија, и вработените во Министерството за внатрешни работи нема да добијат усогласување на палтите, меѓутоа управата на локално ниво, правосудството, Правобранителството, јавнообвинителската служба, судската служба и.т.н. ќе добијат усогласување имајќи предвид дека Синдикатот на УПОЗ потпиша низа колективни договори каде ова право е утврдено меѓутоа и законските решенија, кои се обидуваа на мала врата да ги сменат пред објавата на висината на минималната плата, го овозможуваат тоа, истакна Трендафилов. 

„АЛКАЛОИД“ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВ КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ ВРЕДЕН 19,4 МИЛИОНИ ЕВРА

Новите капацитети за производство на цврсти фармацевтски форми, со површина од 6.200 м2, се најкрупниот инвестициски потфат на компанијата во изминативе две децении

Во насока на посветеноста за постојана модернизација и за проширување на производствените капацитети, производствените волумени и на асортиманот, „Алкалоид“ АД Скопје ја комплетираше реализацијата на својот најголем инвестициски потфат во последните две децении – новиот погон за производство на цврсти фармацевтски форми Таблетно одделение 2.0 и придружните технички простории.

Новиот техничко-технолошки капацитет, чија цел е повеќе од двојно зголемување на обемот и поголема флексибилност во производството на цврсти фармацевтски форми, зафаќа површина од 6.200 м2 (производствени и технички простории), а за него „Алкалоид“ вложи вкупно 19,4 милиони евра. За изведбата на овој објект, започната во април 2021 година, беа ангажирани 30 домашни и 16 странски компании, а градежните работи и опремувањето се одвиваа под водство на стручните служби на „Алкалоид“ АД Скопје. Просториите се изведени во согласност со строгите норми за добра производствена пракса, а сите процеси се целосно интегрирани и дигитализирани, со автоматско генерирање на сите податоци од процесните контроли.

Во новиот погон за производство на цврсти фармацевтски форми ќе се врши производство на таблети, филмувани таблети, капсули и на двослојни таблети, кои за првпат се воведуваат како технологија за производство во Македонија. Станува збор за таблети што содржат неколку активни супстанции со различни хемиско-физички својства или со различен начин на ослободување на состојките, кои внимателно и прецизно се дозирани, но физички одделени со соодветно обезбедена стабилност и делотворност, овозможувајќи им на пациентите целосната терапија од неколку лекови да ја земаат само преку една таблета. Опремата за производство на цврсти фармацевтски форми е набавена од светски познати производители на опрема од овој вид: GEA (опрема за влажна гранулација), Alexanderwerk (опрема за сува гранулација), Lodige (опрема за хомогенизација), Fette (преси за таблети), Glatt (систем за филм-обложување), De Lama (автоматска машина за перење контејнери) и други.

Со пуштањето во употреба на новата техничко-технолошка единица за производство на цврсти фармацевтски форми двојно се зголемува производствениот волумен, па така, наместо досегашниот капацитет од 2 милијарди таблети годишно, моменталниот проектиран производствен капацитет е повеќе од 4 милијарди таблети годишно.

„Во динамична индустрија каква што е фармацевтската пласманите обично кореспондираат со инвестициите, вештините и знаењето, кои во изминативе две децении ги насочивме кон градење на модерно и конкурентно производствено портфолио. Нашата цел останува да се диференцираме преку знаење и развој на производи со додадена вредност, а на овој курс сме решени да останеме и во иднина, работејќи на натамошна глобализација на брендот ’Алкалоид’, достоинствено и посветено, со практикување на високи етички стандарди, кредибилитет и професионален пристап во севкупните операции“, изјави Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор Живко Мукаетов на официјалното пуштање во употреба на новиот оддел, кое се одржа во присуство на високи претставници на менаџментот на компанијата, како и на претставници на медиумите од земјата и од регионот.

Ова е еден од најкрупните инвестициски проекти на „Алкалоид“ АД во изминатите две децении. Компанијата во 2005 година имаше пласмани од 53,1 милиони евра, а во 2023 година прикажа консолидирани пласмани од 268,3 милиони евра. Следствено на овој петкратен континуиран раст, во текот на изминатите 15 години беа реализирани инвестиции во вредност од над 220 милиони евра.

Фармацевтските производи на „Алкалоид“ се присутни на пазарите во повеќе од 40 земји во светот.

Популарно