Џамбаски: Гоце Делчев никогаш не се борел за никаква независна Македонија

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно излегува со изјава која може да ги разгори духовите во Скопје и во Софија. Тој во изјава за епицентар.бг тврди дека Гоце Делчев никогаш не се борел за никаква независна Македонија и оти тој не може да биде ништо друго освен Бугарин.

Според него, за  Бугарија, Македонија никогаш нема да биде ниту северна, ниту јужна, ниту горна ниту долна, туку само една и братска втора бугарска држава на Балканот.

-Не можеме да продолжиме да го правиме дека не ги гледаме овие злоупотреби, провокации и фалсификати извршени од Скопје.. Ја отворивме вратата на Македонија кон НАТО преку Спогодбата за соседство..Сега зборуваме за идното членство на Македонија во Европската Унија. Ова членство поминува само преку препознавање на историската вистина. А  таа е следна. Политичка македонска нација постои по 2 август 1944 година. На овој датум, банда бугарски болшевиците и шумкари, национални предавници се собираат во подрумот на манастирот “Прохор Пчински”, користејќи за алиби на собирањето големиот бугарски христијански празник Илинден и прифатат т.н.декларацијата на АСНОМ или “Антифашистичкото народно собрание на Македонија”. Ова се случува под диктатурата на Коминтерната и Москва. По одлуката на Коминтерната да создаде и спроведе т.н. “Македонска” нација во триесеттите години на дваесеттиот век, бугарската, српските и грчкките комунистички партии  ја земаат оваа национално-предавничка директива “вооружување” и работат за нејзиното спроведување.Пред овој датум, 2 август 1944-та година – Илинден, нема никакво сомневање и не може да има никаков спор за карактерот, самосвеста и самоопределување на населението во денешната Вардарска Македонија. Тие се несомнено, недвосмислено и категорично бугарски, смета Џамбаски.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно