Инфомакс: Албанскиот јазик станува зaдoлжитeлен за СИТЕ основци во трето одделение

Дали албанскиот јазик станува задoлжителен за основците, ова е прашањето кое редакцијата на „Инфомакс“ му го поставило на заменик министерот за образование во ocтавка, Петар Атанасов, откако на социјалните мрежи се појави шпeкyлација дека од трето одделение, основците зaдoлжитeлно ќе го изучуваат во училиштата албанскиот јазик без разлика на нивната етничка припадност.

-На социјалните мрежи се појавија шпeкyлации дека ќе има измени на Законот за основно образование, а со измените албанскиот јазик станува задолжителен за сите ученици од 3 оделение. Ова прашање е упатено кон вас со оглед на тоа што коментарите велат дека ова е една од причините поради кои вие поднесовте ocтавка. Однапред Ви благодарам, гласело прашањето кое било упатено до Атанасов.

Заменик министерот во ocставка, ја посочи токму изработката на Законот за основно образование во која како што вели, тој не учестувал, како една од причините за ocтавката. Дополнително споменувајќи многу нejaсни решенија, меѓу кои и тоа дали основците зaдoлжитeлно ќе го изучуваат албанскиот јазик, без разлика на нивната етничка припадност, пренесува Инфомакс.

-Јас сум во ocтавка поради неколку причини, но и затоа што нe бeв дел од процесите за изработка на Законот за основно образование. Позната ми е работната верзија на законот во која има многу нejaсни решенија. Ова што го спомнувате е дел од тие нejaсни решенија. Одговор за тоа што се нуди како peшение може да дадат само министерот и неговите советници кои работеа на овој предлог на закон, одговорил тој.

Од анализата која ја направи Инфомакс на нацрт Законот за основно образование која е објавена на датум 05.06.2019 година, индикaтивен е Членот 6 во кој се наведува:

-Pазвивање на писменоста и способностите на учениците за разбирање, информирање и изразување, покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо, и на јазик и писмо на припадниците на заедниците кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик.

Во моментов со министерството за образование и наука раководи, Арбр Адеми кадар на ДУИ.

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 0,50 денари по литар, а цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 77,50 денари за литар.

За 0,50 денари поскапува Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и еден литар ќе чини 77,50 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,871 денари и килограм ќе се продава за 44,302 денари.

Инцидент меѓу осуденици во штипскиот затвор

Инцидент меѓу две групи на осуденици се случил синоќа во Затвор Штип. Интервенирала затворската полиција, но и полициски службеници. Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров во куса изјава за МИА рече дека детали за случајот ќе има во текот на денот. Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев при денешната посета на ОВР-Свети Николе потврди дека „имало случај во Затвор-Штип“.

-До МВР имаме пријавено случај  од Затворот во Штип, кога ќе завршиме со сите наши активности ќе излеземе со соопштение. Во моментот не би можел да дадам детали, зашто се уште работиме, а знаете дека сме едни од најтранспарентните, кога завршиме- информираме за тоа што сме го сработиле, рече Бојмацалиев при денешната посета  на ОВР-Свети Николе.

ЈО со детали: Полицајци помогнале на затвореник осуден за „убиство“ да избега

Во акција спроведена утрово од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи приведени се 17 припадници на затворската полиција, вработени во КПД Затвор Идризово.

-По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска беше спроведена акција од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во која се приведени 17 лица, соопшти Јавното обвинителство.

Предметниот јавен обвинител донел  наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, од кои за петмина постои основано сомнение дека во текот на месец октомври минатата година сториле кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“, додека едно лице се сомничи за помагање во сторување на кривичното дело.

-Според дејствијата опишани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка, на 26.10.2023 година во приватна здравствена установа во Скопје, петмината осомничени – затворски полицајци при КПУ – КПД Идризово Скопје, како група, со умисла помогнати од шестиот осомничен затворски полицаец – приправник, овозможиле бегство на лице осудено за кривично дело „Убиство“ по чл.123 ст.1 од КЗ. Додека осуденото лице било на медицински третман, согласно прописите било обезбедувано од затворската полиција на КПУ-КПД Идризово. Критичниот ден со придружба на двајца осомничени затворски полицајци, лицето се упатило во просторијата за пушење во непосредна близина на болницата. Таму, заедно со придружбата поминало околу половина час, по што осомничените затворски службеници заминале, овозможувајќи му на осуденикот да излезе од просторијата и со патничко моторно возило да се даде во бегство. Осомничените не го пријавиле бегството кај непосредните старешини во КПУ- КПД Идризово, ниту тоа го сториле осомничените од втората смена, туку седеле без осуденото лице во празниот апартман во болницата каде биле затекнати од полициски службеници од ЕИП при МВР-СВР Скопје, се наведува во соопштението.

Воедно, јавниот обвинител против 11 лица води предистражна постапка заради постоење на основи на сомнение дека, во временскиот период од 19 до 26.10.2023 година, сториле продолжено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“.

Осомничените во текот на престојот на осуденикот како соизвршители, додека биле на смена, го ослободувале осуденото лице кое им било доверено на чување, кое непречено без придружба ја напуштало здравствената установа и по повеќечасовно отсуство се враќало назад.

-Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи определување на мерката притвор за шестмината осомничени, додека за единаесетте лица за кои се води предистражна постапка предложи мерки на претпазливост и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање; забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, се наведува во соопштението.

За овие кривични дела согласно македонското позитивно законодавство, како што посочуваат од Обвинителството, се предвидени од затворски казни од една до десет години за кривичното дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ и од три месеци до пет години за кривичното дело „противзаконито oслободување на лице лишено од слобода“ .

Од МВР соопштуваат дека денеска Секторот за криминалистички истраги во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги лишилаод слобода сите 17 лица кои се предадени на Основнот кривичен суд Скопје за понатамошно постапување.

Популарно