Германија воведува ограничување на брзината на своите автопатишта

Во Македонија на сите патишта има ограничување на брзината, сега и германскиот Autobahn кој е познат во целиот свет пред се поради делниците на кои нема ограничување на брзината на движење на автомобилите, се менува и ќе има ограничување.

На одредени делници од автопатиштата низ Германија, брзината ќе биде ограничена на само 100 km/h, но не трајно, јавува Bloomberg.

Имено, причина за воведувањето ограничување на брзината се екстремно високите температури кои може да предизвикаат пукнатини на асфалтот.

Логично, секоја поголема пукнатина станува потенцијална опасност, особено ако станува збор за пат каде што нема ограничување на брзината.

Временската прогноза за Германија вели дека овие денови температурата на воздухот може да надмине 40 целзиусови степени, а историскиот максимум од 40,3 степени е измерен во 2015 година.

Германскиот DW објави дека голем број на домашни патишта се крајно подложни на пукнатини поради високите температури, а на почетокот на месецот, кога температурите поминале 30 степени, одредени делници биле и затворени за сообраќај.

ВИДЕО: Авиони летале над островот повеќе пати и во ниеден момент не биле забележани знаци на живот

Вчера новозеландската полиција соопштила дека ќе спроведе истрага за смртта на туристите на вулканскиот Бел остров.

По вчерашната ерупција на вулканот било потврдено дека загинале пет лица, а осум се водат за исчезнати. Нестабилните услови на островот ја попречуваат потрагата, пренесува "AP". 

Околу 47 луѓе биле на островот за време на ерупцијата, од кои некои од евакуираните се здобиле со критични изгореници.

Нестабилните услови и натаму ги спречуваат спасувачките екипи во потрага по исчезнатите, а експертите утврдуваат дали е безбедно да се вратат на островот за да трагаат по нив.

Авиони летале над островот повеќе пати и во ниеден момент не биле забележани знаци на живот, изјавила премиерката Џасинда Ардерн.

Расел Кларк, болничар на одделението за интензивна нега, рекол дека ерупцијата изгледала како нуклеарната катастрофа во Чернобил, само што се е прекриено со пепел.

Ардерн рекла дека меѓу повредените Новозеланѓани има и туристи од Австралија, САД, Велика Британија, Кина и Малезија.

Премиерот на Австралија, Скот Морисон, рекол дека 11 Австралијци исчезнале, а 13 биле хоспитализирани.

Се верува дека меѓу петте настрадани има тројца Австралијци, им рекол тој на новинарите во Сиднеј.

"Се плашам дека ќе дојдат и полоши вести", рекол Морисон.

Новозеландската агенција за сеизмичко следење GeoNet, го кренала нивото за предупредување за вулканот на 18-ти ноември од еден на два на скалата од пет, бидејќи забележала пораст на сулфур-диоксидот кој потекнува од магмата длабоко во вулканот.

Во понеделникот по ерупцијата, нивото на предупредување било кренато на четири, но било намалено на три откако активностите се намалиле.

Ардерн рекла дека Белиот остров е многу непредвидлив вулкан и дека ќе стане збор за тоа дали туристите треба да го посетуваат, но сега фокусот е на луѓето кои се погодени од овој ужасен настан.

Британскиот премиер стриже овци, вози формула, продава колачи, игра фудбал...

Британскиот премиер Борис Џонсон изјавил дека ќе се бори за секој глас до парламентарните избори во четврток.

Неговата Конзервативна партија, според последните анкети, води пред лабористите, а за тоа така да остане се потруди и самиот Џонсон, кој правеше различни работи за да им се допадне на граѓаните.

Џонсон последните денови ги посети, рибарите, слаткарите, трговците, играше фудбал, возеше формула, стрижеше овци.

​ ​​ ​

Избрана новата премиерка на Финска, најмлада во светот

Сана Марин со 34 години ќе стане најмлад премиер на светот, предводејќи коалициска влада на Финска, во која ќе доминираат жени.

Досегашната министерка за транспорт беше избор на нејзината Социјалдемократска партија, откако премиерот Анти Рине поднесе оставка. Таа треба да ја преземе функцијата оваа недела.

Марин ќе биде на чело на коалиција на пет партии, сите предводени од жени.

Најмлад премиер на светот моментално има Украина, 35-годишниот Олексиј Гончарук, додека новозеланската премиерка Џесинда Ардерн има 39 години.

„Никогаш не сум размислувала за моите возраст и пол. Мене ми се поважни целите заради кои што влегов во политика и работите поради кои добивме доверба од гласачите’, изјави Марин.

Таа ќе биде трета жена на премиерската функција во историјата на Финска.

Популарно