Ограбена експозитура на НЛБ Банка во Сарај, не се знае колку однеле вооружените разбојници

Утрово во експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба, соопштија од Банката.

Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.

Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета. Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со Банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Средствата на клиентите се сигурни бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. 

Сличен грабеж се случи на 15 април годинава во 10 часот и 36 минути кога беше ограбена филијала на НЛБ Банка во скопската населба Чаир.

Убедливо најголем грабеж на НЛБ Банка е оној кој го изврши во април 2017 година вработен во НЛБ Банка, со иницијали Б.С. кој од трезорот во централата на банката украде 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра. 

Автомобил прегази жена- со тешки повредни пренесена на Клиника

Жена пешак со тешки телесни повреди била префрлена на Килника откако претходно во неа удрил автомобил.

„На 20.09.2019 во 10.30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.В.(47) од Скопје, удрило во пешакот Б.Ѓ.(41) од Скопје“велат од МВР.

Во незгодата, Б.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Уапсен старец во Чаир - приведен во полициска станица Бит Пазар

Вчера во Полициската станица Бит Пазар бил приведен Н.З.(70) од Скопје.

-При претрес во неговиот дом на ул.„196“ во Чаир, извршена со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол непозната марка и една рамка со осум куршуми непозната марка и калибар- соопштуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Товарен воз удри во маж кај железничка станица Илинден

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил товарен воз кај железничката станица Илинден.

-Синоќа во 02:30 часот по полноќ на железничката станица Илинден, товарен воз кој сообраќал на релација Табановце – Трубарево - Гевгелија удрил во едно лице. Лицето, кое е најверојатно мигрант, се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје - информира МВР.

Популарно