ВИДЕО: Што се случува со Меркел?

Германската канцеларка Ангела Меркле повторно е во центарот на вниманието затоа што повторно неконтролирано трепереше за време на примето на финскиот премиер Анти Рине во Берлин.

Канцеларката почнала да се тресе додека ја следела почесната стража во чест на доаѓањето на премиерот на Финска.

Меркел два пати во изминатите недели е забележана како неконтролирано се тресе. Првпат тоа се случи на 18. јуни додека го дочекуваше новозибраниот украински претседател Владимир Зеленски.

Меркел тогаш ги смируваше загрижените дека тоа било предизвикано од дехидрација.

Втор пат тоа се случило на 27. јуни кога присуствувале на официјалната церемонија во Берлин.

Избрана новата премиерка на Финска, најмлада во светот

Сана Марин со 34 години ќе стане најмлад премиер на светот, предводејќи коалициска влада на Финска, во која ќе доминираат жени.

Досегашната министерка за транспорт беше избор на нејзината Социјалдемократска партија, откако премиерот Анти Рине поднесе оставка. Таа треба да ја преземе функцијата оваа недела.

Марин ќе биде на чело на коалиција на пет партии, сите предводени од жени.

Најмлад премиер на светот моментално има Украина, 35-годишниот Олексиј Гончарук, додека новозеланската премиерка Џесинда Ардерн има 39 години.

„Никогаш не сум размислувала за моите возраст и пол. Мене ми се поважни целите заради кои што влегов во политика и работите поради кои добивме доверба од гласачите’, изјави Марин.

Таа ќе биде трета жена на премиерската функција во историјата на Финска.

Ја нарече Грета луда и опасна

Водителот Џереми Кларксон ја нападна активистката Грета Тунберг. 

Познатиот водител ѝ порача на Грета Тунберг да „замолчи и да се врати во училиште“. Тој оваа 16-годишна девојка, која предупредува на климатските промени, ја нарече „луда и опасна“ за време на промоцијата на новата сезона на шоуто „Гранд тур“.

„Таа е луда и опасна, нејзиниот идиотизам доведува голем број деца до бесони ноќи. Мислам дека треба да замолчи и да се врати во училиште“, изјавил Кларксон.

Неколку дена претходно во интервју за „Индепендент“, Грета ја нарече „глупава идиотка“. Додаде дека нејзиниот говор во ОН, во кој рече дека ѝ ги украле соништата и детството, не нуди баш никакви решенија.

„Мислам дека е чудна Швеѓанка со тежок карактер. Ништо не се постигнува со пловидба преку океан на јахта, која троши гориво и лежи на моторот од бродот“, вели водителот. 

Рече дека чудната Швеѓанка, трчала наоколу и викала дека сите ќе умреме.

Веројатно нема човек што не го слушнал името на Грета Тунберг. 16-годишното девојче од Шведска стана симбол на протестите за заштита на планетата. Еко-активистката се повеќе е во фокусот на медиумите, а состаноци со неа имаа голем број светски лидери. 

Таа се радува доколку се бројат со милиони луѓето кои излегле на протести.

Протестите изминатите месеци започнаа на пацифичките острови, кои се најмногу изложени на ризик од зголемувањето на нивото на морето и  Австралија, каде што се одржаа масовни демонстрации низ целата земја, од поголемите градови како Мелбурн и Сиднеј до помалите градови како Алис Спрингс. Потоа протестите се проширија во Јапонија, Југоисточна Азија, Европа, Африка и Блискиот исток.

Во Русија постои девојче кое личи на неа и има слични ставови. 

ВИДЕО: Професорка спиела со пет ученика

Мажената професорка по историја во едно од најелитните училишта во Јужноафричката Република имала сексуална афера со барем пет ученици. Професорката Фиона Виоти спиела со ученици од училиштето Бишопс Дајосесан Колеџ во Кејптаун помеѓу 2013 и 2019 година, потврдила истрагата. 

Секс скандалот го обелоденил еден 18 годишен ученик, со тврдења дека бил во интензивна врска со неа и дека почнала да врши притисок кога тој сакал да раскинат.

-На почетокот се согласуваше на се, но стана жртва кога не можеше да раскине. Професорката на почетокот му праќаше пораки да се најдат кај нејзе дома, но достигна ниво кога од се му беше доста, вели родителот на ученикот и додава дека професорката не сакала да го остави на мира па на крајот отишле кај директорот.

Фиона ја користела шансата да заведува тинејџери и како тренер на ватерполо тимот, а ненадејно во октомври си дала отказ, неколку дена пред обвинувањата да се појават во јавност.

Приватните истражувачи кои ги ангажирало училиштето откриле дека таа целела кон полнолетни ученици барем шест години пред и после мажењето за инвеститорот Пав Виоти. Пронашле и нејзини експлицитни снимки кои кружеле низ училиштето и интернетот, но не е откриено на кого му ги праќала.

Професорката претходно работела како модел и нејзини фотографии се појавувале по разни списанија.

Инаку нејзиниот дедо бил директор на училиштето во кое таа работи, додека нејзиниот татко како и таа, предавале историја.

Локалните медиуми пишуваат дека нема да биде покрената дисциплинска постапка затоа што таа веќе дала отказ, но дека е малку веројатно дека таа некогаш ќе може да предава повторно.

Адвокатот на Фиона вели дека таа оди на терапија кај психијатар а нејзиниот маж рекол дека после овој скандал тие се разведуваат.

Популарно