Дневен хороскоп

ОВЕН

Доколку денес се впуштите во ризични проекти, ќе имате некои проблеми во иднина. Водете сметка за тоа. Не ви е лесно да најдете партнер со кој може да посакате нешто сериозно. Добро здравје.

БИК

Се препорачува денес да се позанимавате со важните обврски кои ги имате и да се посветите на работата за да остварите добри резултати. Денешниот ден не е премногу поволен за нова врска, ниту за љубов генерално. Одморајте се.

БЛИЗНАЦИ

Можно е да ја прифатите можноста за напредување и да покажете дека верувате дека ја заслужувате. Ве очекува период за нови познанства и љубовни промени. Може да се надевате на љубовни пресврти. Водете сметка за забите.

РАК

Патувањето кое го планирате може да започне по планот. Ќе бидете задоволни со околностите на работното место. Уживате во незадолжителни врски и не сте подготвени за нешто повеќе од тоа. Можна е авантура. Одлично се чувствувате.

ЛАВ

Ви се стабилизира финансиското поле и тоа ве прави среќни. Можно е да размислите за некои нови вложувања. Саканата личност ви покажува колку се грижи за вас. Ве очекува убав ден. Чувајте го уринарниот тракт.

ДЕВИЦА

Ве очекува склопување на нов договор на работно поле. Ќе бидете задоволни со соработките кои започнуваат. Доколку планирате брак, пред вас е поволен период. Саканата личност ќе ги покаже емоциите. Иритација на кожата.

ВАГА

Многу ви е важно да се покажете во добро светло на новиот разговор за работа. Работите на остварување на добрата репутација. Потребно ви е ново познанство за да оживеете на љубовно поле. Можен е пад на имунитет.

СКОРПИЈА

Може да очекувате многу опуштен ден, во кој нема да имате проблеми на деловно поле. Разговорот со личност која ви се допаѓа ќе биде понежен и поромантичен отколку што очекувате. Одлично здравје.

СТРЕЛЕЦ

Ако се занимавате со приватен бизнис може да очекувате можност да ги зголемите своите приходи. Доколку сте во брак, партнерот ви е посветен и имате добар однос. Пред вас е добар период. Стомакот ви е прилично осетлив.

ЈАРЕЦ

Денешниот ден ви носи доста позитивна енергија и може да очпекувате дека ќе бидете генерално задоволни од околностите. Може да очекувате многу интересен ден за нови познанства. Избегнувајте цигари.

ВОДОЛИЈА

Доаѓа подобрување на заработката кое ќе биде многу значајно. Може да очекувате добар ден. Не сте во дилема и знаете што сакате од емотивниот однос во кој се наоѓате. Имате јасно дефинирани цели. Болка во пределот на грбот и вратот.

РИБИ

Можно е да бидете незаинтересирани за нови случувања на работно поле. Потребен ви е слободен ден за одмор. Саканата личност е подготвена да ви покаже искрените емоции. Можни се проблеми со вртоглавица.

(Фото) На големо се слави пред ВМРО-ДПМНЕ

Пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ во центарот на Скопје на големо се слави.

Собрани се голем број на поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и ја прославуваат неофицијалната победа на кандитатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова.

Гордана Силјановска Давкова - 39,82%, Стево Пендаровски - 19,42%

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 80 проценти од гласовите, односно 2 806 од вкупно 3 508 избирачки места, води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска 

Давкова со освоени 282 075 гласови (39,82%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 137 450 гласови (19,42%).

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 101 160 гласови (14,28 %), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 71 633 гласови (10,11 %), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 59 933 гласови (8,46 %), Билјана Ванковска поддржана од Левица има 30 802 гласови (4,35 %) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 5 321 гласови (0,75 %).

Гласачките места беа отворени од 7:00 до 19:00 часот. Право на глас имаа 1.814.317 граѓани запишани во избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од седумтемина кандидати.

ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Одѕивот на денешните претседателските избори до 18 часот изнесуваше 47,61отсто, и е поголем од последните избори за шеф на државата во 2019 година кога до 19 часот на гласање излегоа вкупно 41,67 отсто од запишаните избирачи.

За претседател ќе биде избран кандидатот кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани избирачи, односно 907.159 гласови. Ако никој не го добие потребното мнозинство, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови.

Ова се седми непосредни избори за претседател од независноста на државата. Претходните беа одржани во 1994, 1999, 2004, 2009, 2014 и во 2019 година.

Ова се резултатите по обработени 60% од гласовите на денешните избори

Според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија од првиот круг на претседателските избори кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова има 197.741 гласови (37,80%), што е двојно повеќе од кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски – 97.592 гласови (18,66%), по преброени 59,59 отсто гласови.

Кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски има 4.997 гласови (0,96%), кандидатот на ДУИ Бујар Османи има 81.748 гласови (15,63%), кандидатката на Левица Билјана Ванковска – Цветковска има 23.472 гласови (4,49%), кандидатот на албанската опозиција Арбен Таравари има 59.591 гласови (11,39%) и кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски има 42.296 гласови (8,09%). 

Популарно