Дознајте кој ве избришал и блокирал на „Фејсбук“

Постои бесплатна апликација која, откако ќе ја инсталирате, ви покажува кој ве избришал и блокирал на „Фејсбук“. Еве како работи. 

Името на апликацијата е „Who unfriended me?“ и таа е достапна и за Андроид и за ајфон. 

Откако ќе ја инсталирате, треба да се најавите со помош на вашиот профил на „Фејсбук“ и од тој момент кога некој ќе ве избрише или блокира, апликацијата ќе ви јави. 

Оцената што апликацијата ја има на „Гугл плеј“ е 3,7, а ја презеле повеќе од милион лица. Иако во рецензиите некои корисници се жалат на функционирањето на апликацијата (најмногу на рекламите), таа сепак добро работи. Откако некој ќе ве избрише од „Фејсбук“, таа ќе го покаже тоа, исто како и кога некој ќе ве блокира или кога одново ќе станете пријатели со некого.

Годинава купете Божикна ѕвезда за празниците

Голем број семејства за новогодишните и божиќните празници домот освен со китење на елката го украсуваат и со цвеќето Божиќна ѕвезда, кое цвета во периодот околу Божик и е симбол на празниците.

Името Божиќна ѕвезда ова цвеќе го добило, бидејќи листовите му се во облик на ѕвезда. Цвета за Божик, а ја симболизира ѕвездата која на тројцата мудреци им го покажала патот до Исус.

Постојат и други легенди за Божиќната ѕвезда. Според една стара мексиканска легенда, првата Божиќна ѕвезда настанала од молитвите на девојчето Марија и нејзиното братче Пабло. Тие потекнувале од сиромашно семејство и немале пари да купат подарок за малиот Исус. На Бадник кога оделе кон црквата набрале полски билки наместо подарок. Кога ги ставиле билките околу колевката на Исус, нивните зелени листови станале сјајно црвени цветови.

Според друга легенда пак, убавината на ова цвеќе се должи на некоја астечка божица, на која поради несреќната љубов и се распарчило срцето. Од капките на нејзината крв израснал огнен цвет со црвена боја опкружен со зелени ливчиња.

Моќно средство кое ја чисти машината за перење подобро од купечкото

Дали ви се случува да извадите свежо испрани алишта од машина а тие да не мирисаат како што треба? Една причина поради тоа е неправилното одржавање на амшината за перење.

Таа често се користи, па затоа треба и често да се чисти.За да се ослободите од нечистотиите , непријатните мириси, но и бигоро, потребно ви е оцет и сода бикарбона.

Во бубањот ставете100 грама сода и додадете 1 децилитар оцет, па пуштете ја машината празна на најкратката програма која ја има вашата машина. Содата и оцетот ќе го растопат бигорот и ќе ги уништат непријатните мириси.

ВИДЕО: Смислила совршен план, но ѝ рекле да се соблече па и пропаднало се

На интернет се појави снимка на која се гледа жена која се обидувала да украде фармерки во една продавница. Најчудно е што се обидела да украде дури 9 пара, носејќи ги на себе.

Многу брзо ја фатиле и морала сите да ги соблече. Ситуацијата била снимена, а видеото за кратко време добило повеќе од 2,5 милиони преглеи. Жената е наводно од Венецуела.

Откако ги соблекла и последните фармерки, ѝ рекле да  ја покаже и долната облека за да се уверат дека тоа е последен пар на неа. Не е познато дали и како била санкционирана.

Популарно