Детална анализа на времето која сите ја очекувате

Почитувани со оглед на тоа дека многу од вас заминуваат и ги користат своите годишни одмори во новиот месец кој ни доаѓа полека а тоа е август, ние решивме да издадеме подолгорочна метео прогноза токму за истиот месец  и што може да очекуваме од времето кај нас но и пошироко во регионот: Во текот на август барем според моменталните анализи со кој ние располагаме кај нас очекуваме температурите да бидат малку под просекот за тој дел од годината, односно да биде малку посвежо иако повремено се очекуваат и бранови од северните предели на Африка но некој екстремно топли бранови со температури од преку 40 степени засега нема на видик ниту во месец август. Врнежите пак ќе бидат нешто над просекот што значи очекуваме нешто повеќе врнежи и повеќе дестабилизации на атмосферата, секако во ваква ситуација и понатаму се можни нови невремиња.

Посвежо од нормалата треба да биде и во регионот и тоа особено во Бугарија и во Грција како и на југот од Србија, исто така и во овие делови се очекуваат повеќе врнежи од вообичаеното. За многу подетални и обновени метео информации понатаму а особено треба да се следат оние пократкорочни анализи кој ги издаваме и истите се далеку попрецизни.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Oблачно со врнежи од дожд, на планините од снег

Во текот на денешниот ден претпладне ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови, а попладне ќе престануваат. Ќе дува повремено умерен северен ветер. Минималната температура во текот на ноќта  се движеше во интервал помеѓу 0 и 5, а  дневната ќе се движи  во интервал  од 5 до 12 степени.

Во Скопје утринската температура ќе достигне до 5 степени, а дневната температура до  9 степени.

Променливо облачно со слаб локален дожд

Во текот на денешниот ден не очекува претежно променливо облачно со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. Повеќе врнежи ќе има во ноќните часови кон сабота. Ќе дува повремено умерен јужен ветер. Минималната температура во текот на ноќта  се движеше во интервал помеѓу -1 и 14 а  дневната ќе се движи  во интервал  од 4 до 14 степени.

Во Скопје утринската температура ќе достигне до 3 степени, а дневната температура до 9 степени.

Умерено до значително облачно со слаб локален дожд

Денеска времето во државава ќе биде умерено до значително облачно со слаб локален дожд, а на планините со снег. Утринската температура ќе се движи од минус три до пет, а дневната од два до 10 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно со слаб локален дожд. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до осум степени.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а на планините со снег. Во сабота се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа следува период на стабилно и потопло време, од понеделник со услови за магла по одделни котлини

Популарно