Србинка оживеа жена која модра ја извадија од грчкото море

Лаборантот од Крагуевац, Весна Радовановиќ на островот Евија спаси една грчка баба од давење. Несреќната жена била извадена од морето, модра во лицето и речиси без знаци на живот.

- Видов во плиткото дека е извадена жена во години која беше модра во устата. Ги замолив луѓето што се обидуваа да и помогнат да се тргнат, а жената ја превртев на страна за да и се ослободат дишните патишта а истовремено и ја извадив и забната протезе. По стандардната процедура почнав да и го притискам горниот дел од стомакот, за да ја извадам водата која ја проголтала. Наеднаш жената почна повторно да диши, помодрените усни почнаа да ја менуваат бојата, што значеше дека нивотo на кислород во телото на жената се подига. Набргу стигна Брзата помош и бабата беше однесена во болница во стабилна состојба. Верувам дека ќе биде добро – изјавила Весна и додала:

Утре ми е роденден, а спасување на еден туѓ живот за мене е најголем подарок.

ВИДЕО: Летувањето во Хрватска стана ноќна мора - сите детали за заразата

Три возрасни лица кои биле примени во сплитскиот Клинички центар поради труење со храна се во стабилна состојба, додека симптомите кај две мали деца се потешки и тие се на интензивна нега, изјавил докторот Драган Ледина од клиничкиот центар во Сплит.

-Не сум сигурен што може д ј предивик нивнт тегоба од инфективна природа, тоа е заразна болест, но станува збор за внесување токсини преку уста или дишење - рекол Ледин на вонредната конференција за новинари откако еден маж кој бил во друштво со тие лица, починал, а останатите со хеликоптер биле донесени во болница.

Според информациите на тамошните медиуми, шест лица, италијански државјани, четири возрасни и две деца, биле на вечера во ресторан на Хвар, за подоцна ноќта еден од нив да почине, а бродот на кој ппловеле морал да застана вонредно. Полицијата претходно соопштила дека се сомнева во труење со храна. 

Докторката Бранка Полиќ ијавила дека децата се во животна опасност. Момчето кое има неполни 5 години и 14-годишно девојче, се во тешк состојба и на респиратор се, а дошло и до откжувње на повеќе органи. Најпрво дојде до невролошки симптоми, а потоа почнаа да отјкажуваат срцето, белите дробови и црниот дроб. Сите витални органи откажаа - рекла Полиќ.

Гори познатиот грчки остров, авиони доаѓаат на помош!

Голем пожар изби попладнево на грчкиот остров Закинтос, во шумата меѓу селата Килиоменос и Агалас. Пожарот избувнал околу 14 часот по локално време, јавува АНА.

Во гаснењето на огнот учествуваат 20 пожарникари со седум противпожарни возила, а се очекува да помогнат и авионите.

Во гаснењето на пожарот помага и локалното население и засега нема опасност за туристите и тамошните жители.

Му требале пари - си ја продал ќерката

Црногорската полиција соопштила оти поднела kpивичнa пpијава против 40-годишник од Подгорица, поради coмнение дека извршил kpивично дело тргување со луѓе, односно дека ја продал својата ќерка.

Постоеле coмнежи дека тој во 2017 година договорил и организирал превоз од Црна Гора за својата ќерка, која тогаш имала 12 години. Земјата во која заминала не се соопштува.

Ocoмничениот наводно земал 5.000 евра. Тој сега се наоѓал во зaтвop поради извршување на друго kpивично дело.

Популарно