Сопственикот на дивоградбата кај Чинарот сака да ги руши другите дивоградби во Охрид?!

Меѓу двете компании кои доставија понуди на тендерот за избор на фирма која ќе ги руши дивоградбите во Охрид е и фирмата на советникот Нефи Усеини, сопственик на дивоградбата пред чинарот која деновиве крева многу врева во јавноста. Усеини во разговор за ТВ24 потврди дека учествува на тендерот со неговата фирма Нефи ИК. Денеска во општината Охрид беа отворени понудите на тендерот, а во конкуренција за избор е уште една фирма.

Усеини пред неколку дена направи јавно отворање на неговата пицерија од која дел е дивоградба, а на отворањето присуствуваше и струшкиот градоначалник Мерко. Градоначалникот на Охрид пак, Константин Георгиевски најави дека дивоградбата ќе биде отстранета веднаш штом се создадат услови. Како една од причините за досегашното непостапување беше наведено и тоа дека се уште не е избрана фирма за уривање.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно