ВИДЕО: Фатиме Фетаи во жестока одбрана на Катица Јанева

Обвинителката Фатиме Фетаи, која жестоко ја бранеше Катица Јанева, во емисија на 1ТВ, денеска не се појави на прес-конференцијата на која колегите се оградуваа од првата жена на СЈО.

Според Фетаи оние кои барале обвинение против Катица Јанева, тоа го правеле за да си ја кренат политичката цена во преговорите.

На прашањето што ќе се случи ако се смени Јанева, дали Фетаи ќе се префрли во некое ново Обвинителство, обвинителката одговара: Како мислите да се смени Катица Јанева?

– Зарем таа жена, тој човек од Јавното Обвинителство, прв повлече нога за да се направат позитивни промени во правото и правдата во Македонија, заслужува да биде сменета од таа позиција? – изјави Фетаи и додаде дека Јанева е најважен човек во СЈО.

Погледнете како Фетаи жестоко ја бранеше Јанева:

Собирот на алумнисти на Стартап академијата од подрачјето на Западен Балкан ги обедини стартапите

Дали само големите компании создаваат работни места? Не неопходно. Стартапите исто така можат да креираат работни места, а тоа со свој пример го покажаа 30 вакви компании, кои директно или индиректно, овозможија вработување на речиси 100 луѓе во регионот на Западен Балкан. Ова е извонреден резултат за ова подрачје, каде што претприемачите се уште наидуваат на потешкотии при разработувањето на компанијата , во најголем дел поради недостаток на механизми на поддршка и сиромашни извори на високоризичен претприемачки капитал. Поради тоа, сумата од 1,8 милиони евра инвестиции, која овие стартапови ја собраа или се во процес на собирање, ја прави уште повредна.

Основачите на 30 успешни стартапи од подрачјето на Западен Балкан посетуваа програма за развој во рамки на неодамна основаната Стартап Академија. Програмата се состои од обуки од областите кои се најважни за развој на стартапите (собирање средства, презентирање на производите, стратегија на продажба и развој) и од Демо денови, кога претприемачите беа во прилика пред жирито да ги претстават своите проекти и да се умрежат во тек на “Сараево Unlimited” и “Podim” конференциите. Стартап академијата се одржа во организација на Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија, проект што го спроведува Германската организација за интернационална  соработка - Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, а го финансира  германското сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ).

Во септември 2019 година во Виена се одржа манифестацијата Alumni Startup Academy Event, која за прв пат ги собра сите учесници на програми и им овозможи да споделат искуства, примери за успесите и да ја зајакнат поддршката на регионалната стартап сцена. Дел од програмата беше и присуството на настанот “1 Million Start-ups Conference”, каде многу учесници имаа прилика да земат активна улога како панелисти, да ги претстават своите идеи и да ги споделат приказните за своите претпријатија.

Матеја Живадиновиќ, основач на стартапот Волонтер, платформа која на ефикасен начин ги организира волонтерите, вака го опиша своето искуство: „Оваа програма ни овозможи да ги зацврстиме врските во регионот, да пронајдеме заеднички претприемачки цели и да учиме едни од други. Ваквите собирања се навистина неопходни за да се воспостави регионална соработка и да се овозможи учење врз примерите на добрата пракса, како на подрачјето на западниот Балкан, така и пошироко. Преку програмата добивме пристап до многу корисни претприемачки знаења и вештини и поддршка од заедницата на претприемачи“.

Дека резултатите од програмата се импресивни, потврди и водечката експертка на Стартап академијата Селма Продановиќ, која медиумите ја нарекуваат највлијателна дама на австриската стартап сцена: „Напредокот кој го направија стартапите по одржувањето на академијата е неверојатен. Не само што поединечно го подобрија својот учинок во погледот на пласирање на своите идеи и остварување контакти со инвеститорите, туку исто така оформија група претприемачи кои едни на други пружаат поддршка. Што е најважно, тие ќе ги инспирираат и наредните генерации претприемачи“.

ГИЗ во иднина ќе продолжи да го поддржува прекуграничното вмрежување на претприемачи и стартапи преку Отворениот регионален фонд и својот проект Промоција на надворешната трговија.

А во Прилеп две жени тешко повредени во сообраќајка

Синојка околу 18.30 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп, камион „мерцедес“ управувано од Н.Х.(47) од прилепското село Лажани удрило во пешаците А.В.(48) и И.В.(25), двете од Прилеп.

Во незгодата, пешаците здобиле тешки телесни повреди и со возило на Итна помош биле пренесени во општата болница во Прилеп.

Во Куманово пак околку 20.30 часот на улицата „11 Октомври“,товарно возило „опел вивара“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(31) од с.Опае-општина Липково, удрило во пешак Г.А.(21) од Куманово.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Откако ја забележал полицијата, фрлил во двор чанта со кокаин

Вчера околу 20.45 часот во двор од куќа во гостиварската населба Грудајца, полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар пронашле чанта со околу 30 пакувања марихуана и кокаин.

Чантата во дворот ја фрлил С.И.(22) од Гостивар, откако ги забележал полициските службеници.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Популарно