Миленко Неделковски: Ова е списокот за приведување и притварање

Миленко Неделоковски со уште една „прогноза“ на неговата Фејсбук страна. Според новинарот случајот „рекет“ многу ќе се прошири, а ќе ги опфати следниве имиња:

„Ова е списокот за приведување и притварање (редоследот може да претрпи измени):

Катица Јанева

Син и'

Лиле Стефанова

Фамилија Ременски

Рашковски

Кирацовски

Фатиме

Бубевски

Богоевски

Кај К. Јанева се најдени разговори до Боки 13. Има снимки каде тој ја уклучува за да се слуша при неговиот состанок со Орце (каде она кажува дека се ќе се среди). Во овој момемт не е во притбор само заради заштитата од САД амбасадата. Денеска од бугарска страна на новата американска амбасадорка ќе и бидат предочени и нови докази што ја теретат Катица.

Ако падне Катица, паѓа Зајко.“

Трајановски до Шилегов: Да фатеше лопата и чизми ќе асфалтираше барем метар булевар

Петре Шилегов споменал дека не е негово да облекува чизми и да фаќа лопати. Ако се фатеше за лопата т.е за работа за овие 2 години ќе асфалтираше барем 1 метар од некој нов булевар.

Ова го пишува поранешниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски за сегашниот скопски татко.

Михајловски: Џабе плашиш Османи, ние Македонците сме вратени пред 1945

Тони Михајловски, актер и член на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку Фејсбук му испрата порака на вцепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

„Тоа, на некој апсурден начин, би било и поместување напред Бујар Османи, затоа што ние Македонците сме вратени пред 1945. Џабе плашиш“, напиша Михајловски.

Ова следуваше откако вицепремиерот Бујар Османи изјави дека смета оти Законот за јазици не треба да се чепка. Тој предупреди дека секој обид за еднострано менување на Законот ќе значи нарушување на балансот во македонско – албанските односи и би можел да резултира со состојби пред донесувањето на Рамковниот договор од 2001 година.

„Кој било обид, на пример дали македонските уставни судии да ги надгласуваат албанските уставни судии, дали Министерството за правда без согласност од целата Влада, дали Собранието без согласност и на претставниците на етничките заедници, дали кој било друг во државата ако се обиде на најсензитивното прашање да пристапи еднонасочно, буквално, како што рече, ја урива оската на која се држи балансот на македонско- албанските односи во државата“, рече Османи.

ЗОШТО СЕ ПРЕВРТЕ АВТОБУСОТ - ќе бидат ли патниците обесштетени

Агенцијата Камелија Турс презеде одговорност за сообраќајната несреќа во Србија. Чувствуваме одговорност и жалиме за настанот што се случи вчера на пат кон Копаоник, ијави Ивана Јакимовска, менаџер на туристичката агенција „Камелија турс“, чиј автобус се преврте на патот Блаце - Прокупље кај местото Белољин во соседна Србија.

„Агенцијата презеде одговорност да ги однесе и врати патниците. Во случајот ние само организатори на патувањето, а превозник е 'Амиго компани' од Гевгелија. Сите патници се безбедно вратени во своите домови, освен еден кој е задржан во Општата болница во Ниш. Во автобусот имаше вкупно 50 патници кои користеа дводневен аранжман. Сите патници ќе бидат обесштетени од „Камелија турс“ согласно правилата и македонските закони“, изјави Јакимовска за 24 вести.

Српската полиција и обвинителството уште ги истражуваат причините за несреќата и деновиве треба да излезат со официјален извештај. 

А од „Амиго компани“, пак, за МТВ изјавиле дека патот, иако бил тампониран, тој не бил добро разгазен, а како причина се наведува и лошата сигнализација. Тој пат е во реконструкција, и таму и доколку некој сакал, не можел да вози брзо. На патот имало работници, а автобусот најверојатно сакал да избегне судир со кола. 

„Автобусот е понов, а возачите се со долгогодишно искуство. Таму не може да се вози брзо и да се сака, дури и автомобилите не можат да возат повеќе од 40 километри на час“, изјавиле од „Амиго компани“.

Сите повредени патници се добро и се вратени во земјава, освен патничката која беше потешко повредена и беше префрлена во Болницата во Ниш, на одделението за неврохирургија. Таа не е во загрозувачка состојба, а од Македонската амбасада во Белград изјавиле дека постојано се следи нејзината состојба.

Популарно