По толку нјави, ова е метлата

Премиерот Зоран Заев, денеска ги соопшти имињата на носителети на функции кои се опфатени со „метлата“ најавена уште пред изборите. Реконструкцијата овојпат опфати десетици директори, членови на управни и надзорни одбори.

Меѓу нив се директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ, Сашо Василевски и Драган Миновски, директорот на Државниот архив, Кирил Петров, директорот на Агенцијата за лекови Ќахил Ибраими, директорката на Драмски театар, Викторија Рангелова, Вулнет Адеми директор на Агенција за странски инвестиции, директорот на Македонија пат, Гајур Кадриу, директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мемедовиќ.

Како што рече Заев, неговите предлози ќе бидат ставени на владината седница која ќе се одржи денеска. Заев им се заблагодари на сите разрешени функционери и рече дека од денеска ќе почне именувањето на новите.

ФОТО: Врие полицајци со оружје и фантомки

Врие полиција пред новата Градска болница во Скопје каде на итен лекарски преглед е однесен затвореник кој е поранешен припадник на терористичката организација ИСИС, дознава „Слободен печат“.

Болниот затвореник низ ходниците на низа прегледи денеска го носеле низ болницата полицајци со автоматско оружје во рака, а дел од нив и со црни маскирни „фантомки“.

Голем број од граѓаните за „Слободен печат“ велат дека се вознемирени од вооружените полицајци.

Јанева: Не дадов наредба за претрес на обвинителите

Не сум издала наредба за претрес на Фатиме Фетаи и обвинителите, се работи за недоразбирање. Ова денеска го коментира специјалната обвинителка Катица Јанева за А1.он, по хаосот вчера.

- Не е точно дека сум издала таква наредба, се работи за недоразбирање. Не сум расположена за повеќе разговор, вели Јанева за А1.он.

Фетаи од друга страна вчера за порталот изјави дека при влез во СЈО и било побарано да биде претресена, одбила и ја опцула Катица јанева бидејќи не е таа обвинет, туку обвинител.

Мицкоски: Ако сум зел пари од Кичеец самиот ќе одам во притвор

Осомничениот Зоран Кичеец добивал инструкции да дава изјава против мене, кажа на денешната прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Лидерот на најголемата опозициска партија рече дека власта се обидува да го вовлече во случајот „Рекет“ обвинувајќи дека зел на рака пари од обвинетиот Кичеец…

–Со понуда за милост да даде ваков исказ. Дајте доказ дека тоа се случило и јас доброволно во затвор ќе се пријавам. Не треба ни Русковска ни Реџепагиќ. Сам ќе отидам во притвор, рече Мицкоски.

Зоран Заев е на колена, октоподот е во слободен пад, доаѓа обнова на Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во партиското седиште.

Според него криминалот од вакви размери не е можен без поддршка од Зоран Заев.

-Катица Јанева не е во притвор а може да избега, може да влијае на сведоците и како прв човек на СЈО да го повтори делото. Катица Јанева е само продолжена рака на главниот во овој октопод. Зоран Заев е свесен дека Меѓународниот сојуз на еден од обвинетите важи на извесен начин на чедо на СДСМ. Сомневањата се дека тоа е параванот и за многу други случаи на изнуда и рекет. Заев е во состојба да се откаже од сите само за да се спаси себе. Некои велат Катица е следната, но тоа за граѓаните во Македонија значи само уште еден криминалец помалку на слобода. Некои велат дека нема тука застане. Никако да дојдеме до главниот а тоа е оној што го осмилил и аминувал тој криминал – рече Мицкоски.

Тој запраша какви докази крие семејството на еден од осомничените, кој е вклучен во таа белградска врска на мешетари платени со македонски пари, кои се луѓето кои се офајдиле од куфер политиката, како и на што се должи заострувањето на политиката кон Катица Јанева.

– Немаме правна држава затоа што ја убија и ја погребаа. Падот на оваа власт не е прашање дали ќе се случи, туку кога. Народот ќе каже доста е на следните предвремени парламентарни избори. ВМРО ќе ја сруши оваа власт и ќе донесе правда – рече Мицкоски и најави масовни протести на ВМРО-ДПМНЕ.

Популарно