Ел Чека до Заев: Знаеш дека прислушкувањето го направи некој друг, а не Груевски и Мијалков

Ел Чека на Фејсбук со нов статус откако премиерот Зоран Заев му порача дека ќе одговара.

-Зоран Заев, доста велиш дека прислушувањето го правела претходната влада, тогаш зошто тие криминалци на ВМРО ги прислушкувале нивните разговори каде што ги прикриваат убиства, прават манипулации, закани, промена на фактите, кажи зошто тебе не те прислушкувале? Прислушувањето го направи некој друг, а не криминалците на Груевски и Михајлов! Затоа, не се продавај за жртва, но држи го задникот уште малку во таа фотелја бидејќи ќе ти фали, предвреме ти поминаа 62-та дена, нашиша Ел Чека на својот Фејсбук профил.

Героски: Катица за премиер, сега, веднаш!

Новинарот Бранко Героски, кој во минативе недели е актуелен, затоа што беше прв кој ја разоткри аферата „Рекет“ во своте текстови/приказни, денеска имаше саркастичен коментар на својот Фејсбук профил на едно постаро интервју на специјалната обвинителка.

„Ма што градоначалник на Гевгелија, пратеник, нешто такво... Катица за премиер, сега, веднаш!!!“, напиша Героски на постот.

Интервју со прилепчанецот кој ги донел коските на Делчев во Македонија: Цела Македонија беше на улица!

- Во сите градови од Пиринска Македонија,  побудувавме голем интерес. Во Струмица, чинам целиот град беше на нозе. Веста дека низ овој град ќе помине колоната со коските на Гоце Делчев ги воодушеви и толку израдува граѓаните што едвам поминавме низ улиците - истакнал Иваноски

На 2 август се одбележа 116-годишнината од Илинденското востание. Ден кога македонскиот народ се потсетува на македонските револуционерни дејци меѓу кои и Гоце Делчев, кој бил убиен во борбата со турската војска, во зорите на 4 мај 1903 год. Соред историските податоци, неговите посмртни останки прво се чувале во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало: „Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребани во главниот град на независна Македонија. Август 1923, Илинден". Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас. Но малкумина знаат дека во пренесувањето на моштите на револуционерот учествувал прилепчанецот Илија Јованоски - Белото како возач. Според него носењето на саркофагот од Бугарија во Македонија се случило на 31 јануари 1947 година, а не како што се трдело во октомври 1946 година. Тој, за тогашниот локален прилепски весник Народен глас, раскажал дека секаде колоната со возилото била пречекана од многу народ во сите градови од Пиринска Македонија, а во Струмица, речиси целиот град бил на нозе.

Во текстот од весникот ,, Народен глас", бр. 222, на стр. 2,  издаден во Прилеп, во петок на 11 февруари 1972 година, а на кој в.д. главен и одговорен уредник е Благоја Глигороски, пишува дека заветот на Гоцевите следбеници, коските на овој голем македонски револуционер да бидат пренесени во Скопје, се оствари непосредно по ослободувањето на татковината од фашистичките окупатори. По една случајност во пренесувањето на саркографот учествувал еден наш сограѓанин. По една исто така случајност деновиве беше пронајдена и една автенична фотографија од овој пренос, што е направена во пиринскиот град Петрич.

Еве што тој раскажува за овој настан:

- Повеќе од една година беше тоа во 1946/47, како возач бев на работа во нашата амбасада во Софија. Кон крајот на јануари 1947 година во Софија дојде другарот Борко Темелковски – Лилјак. Се сеќавам добро утрото на 31 јануари 1947 година ми беше речено дека со придружба треба да појдам на едно место. Во џипот што го возев, беше ставен еден сандак, и заедно со придружбата од Софија веднаш се упативме за Скопје.

Шоферот Илија Иваноски, добро се сеќава на многу детали, од патувањето. Џипот се движел во средината, а напред и назад биле по една кола. Иако зимно време џипот бил отворен во која се наоѓала и голема фотографија на Гоце Делчев.

- Во сите градови од Пиринска Македонија, истакнува Иваноски, побудувавме голем интерес. Маса граѓани се собираа околу нас во Благоевград, Петрич и други градови. Насекаде се собираа граѓани не поздравуваа. Во Благоевград, Градскиот комитет на БКП, организира мала свеченост. Во Струмица, чинам целиот град беше на нозе. Веста дека низ овој град ќе помине колоната со коските на Гоце Делчев ги воодушеви и толку израдува граѓаните што едвам поминавме низ улиците.

По долго патување, колоната во Скопје пристигна во попладневните часови на 31 јануари.

Бидејќи фотографијава е направена во Петрич, сега дефинитивно се знае и точниот датум на пренесувањето на саркографот, а не како што беше објавено во весникот Нова Македонија од 30 јануари 1972 година, дека тоа е сторено во 1946 година.

Фељтон за Гоце

Во истиот број на "Народен глас", бр. 222 од 11.02. 1974г. има и Фељтон за Гоце Делчев – Идеолог и револуционер. Пишува Димитар Мицкоски. Станува збор за продолжение од минатиот број. Во него авторот пишува дека во 1901 година, Гоце Делчев пак ја обиколил речиси цела Македонија… Во еден свој говор, Гоце Делчев рекол: "… Зарем Македонците не се храбри и јунаци? Кој смее да каже дека Македонците не се способни да ја извојуваат својата слобода, да ги урнат тираните и да се очистат од крлежите", пишува во фељтонот Мицкоски. 

Нестор Алексиевски го изработил ковчегот за коските на Гоце

Славниот резбар Нестор Алексиевски го изработил ковчегот во кој се пренесени коските на Гоце Делчев од Софија во Скопје во 1946 година. Го изработил дрвениот ковчег за 21 ден, во што му помагал и неговиот син Миле, пишува Данило Коцевски  во колумната на "Слободен печат" на 29/06/2019. Копаничарот потекнувал од една од најпознатите мијачки резбарски тајфи. Најпрвин изработил цртежи како ќе изгледаат деталите изрезбани на ковчегот, а потоа преминал на нивната реализација во ореово дрво.. Ковчегот бил со димензии 0,6 х 0,6 х 0,75 метри, и лежи на четири лавовски шепи.  Изрезбани се разни мотиви од кои главниот е ликот на Гоце Делчев со ловоров венец. Претставени се и тогашните грбови на Македонија и Југославија. На задната страна стои пораката: „Смрт или слобода – од Револуционерниот комитет". Во саркофагот била вградена и лимена подлога односно кутија, набавена од лимар во Старата скопска чаршија. Според сведоштвата, коските во сандакот биле обвиткани со црвена свила како симбол на Илинденското востание…

Пренесувањето на моштите траело три дена, на 7, 8 и 9 октомври 1946 година, а тој чин бил проследен со огромна маса народ што му оддавал почит на великанот и на неговото испраќање од Софија и пристигањето во Скопје. Положувањето на коските во саркофагот во дворот на црквата „Св. Спас" било извршено на 10 октомври.

ОСТАТОКОТ ОД КОСКИТЕ СЕУШТЕ ВО БАНИЦА?!

Гоцевите потомци од неговите сестри, лично раскажале дека кога коските биле изложени во Софија во црквата „Света Недела" во август 1923 година, семејството се уверило дека внатре во сандачето се само рацете, нозете и главата, а трупот го нема. Коските од трупот на војводата засекогаш останаа во Баница. Откако во 1906 година неговиот другар, војводата Чаков, заедно со Таската Серски го откопале гробот и ги зеле главата, рацете и нозете на Гоце Делчев, трупот го оставиле оти и по три години уште не бил распаднат. Потоа, никој никогаш не го зел остатокот од коските. Никаде, ама баш никаде нема доказ или сведоштво дека работата била завршена - со треперлив глас поради своите 82 години, но истовремено и со неверојатна сигурност и совршено сеќавање го почна своето сведоштво, скопјанецот Панде Ефтимов. Тој е еден од тие што лично ги пречекал неговите коски во Скопје во 1946 година, пренесуваат дел од медиумите.

ВИДЕО: Јанева призна дека знае кај се парите од „Рекет“?!

Во својство на сведок сум повикана, рече Јанева, при што беше прашана од новинарите зошто тогаш има адвокат покрај неа. Одговорот беше следен: Имам правни консултанти секогаш.

На прашањето на новинарот Фуркан Салиу дали гласот од снимките каде што зборува со Камчев е нејзиниот, Јанева вели:

Не смеам да го кажам тоа. Ова е истрага, треба да знаете дека во истрага не се споделуваат информации. Ќе има судење, ќе се гледаме уште. Се форматира и анализира мојот телефон.

Обвинителката одговори дека не чувствува никаква вина, а на прашањето дали има во целиот случај вклучен некој од политичарите рече дека не знае. Додека одговараше на новинарските прашања, адвокатот кој беше во нејзино присуство прикуваше загриженост и постојано и укажуваше дека треба да прекине со одговор на прашањата бидејќи како што рече не е на распит.

На крајот од видеото се слуша како новинарите ја прашуваат обвинителката дали знае кај се парите, при што таа одговара „Да“? Тоа го потврдуваат новинарите кои беа присутни на пресот, кои по неговото завршување велат: Имаше добро прашање дали знаевте кај се парите, рече „Да“ а не го продолживме прашањето.

Популарно