Героски до Кирацоски: И јас така, си пишувам глyпocти, оти нeмaм пoпaмeтнa работа

По шпekулациите во јавноста дека двајца актуелни пратеници на СДСМ стојат зад пceвдонимите Кики и Фрики во„ peкетарскиот“ серијал на новинарот Бранко Героски, доскорешниот ген-сек на СДСМ, Александар Кирациовски вели дека не знае кој е ликот под име „Кики“.

„Коки, па најверојатно е Боки.Не знам кој е Кики, вие мислите дека станува збор за мене? Ќе видиме Геро на кого мисли. Апсолутно јас не се презновам, Геро има таму напишано разно-разни глyпocти“- вели пратеникот Кирацовацки кој вели „дај боже Геровски да објави па да pacчистиме, пренесува А1.ОН.

На ова одговара Героски:

Кирацовски: “Геро има таму изнапишано разно-разни глyпocти, како да ти кажам”. Хммммм… И јас така, си пишувам глупocти, оти немам попаметна работа…

По вчерашната „прозивка од премиерот Заев, Новинарите да се осмелат да ги објават имињата, „за да можат да бидат тужени“, се огласи и героски дека за два дена ќе ги објави имињата.

Фото: Екс министерот Николовски се „врати назад во времето“ и го откри скриениот талент

Скромен, ненаметлив и посветен во професијата. Овие епитети многумина му ги препишуваа на поранешниот министер за земјоделство и актуелен генерален секретар на владечката СДСМ Љупчо Николовски кој денеска се потсети на деновите од младоста. 

На социјалните мрежи Николовски кој јавноста го знаеше како најмлад министер сподели неколку интересни фотографии преку кои откриваме дека тој уживал во музиката односно негово хоби било да ја забавува публиката .

На една свадба тој се врати назад во времето и истата ја искористи да ја покаже умешноста која некогаш била дел од неговиот живот. 

„Работно и за викенд. Назад во времето. На свадбата кај Елена Георгиевска и Hristijan Bagi Tashkovski. Вечни да сте!“- напиша екс министерот во постот под фотографиите.

Николовски кој летово заплови во брачни води со долгогодишната девојка, при едно интервју откри дека во неговиот роден град бил ДЈ и одреден период ги забавувал Кривопаланчани пуштајќи им музика.

Михајловски: Џабе плашиш Османи, ние Македонците сме вратени пред 1945

Тони Михајловски, актер и член на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку Фејсбук му испрата порака на вцепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

„Тоа, на некој апсурден начин, би било и поместување напред Бујар Османи, затоа што ние Македонците сме вратени пред 1945. Џабе плашиш“, напиша Михајловски.

Ова следуваше откако вицепремиерот Бујар Османи изјави дека смета оти Законот за јазици не треба да се чепка. Тој предупреди дека секој обид за еднострано менување на Законот ќе значи нарушување на балансот во македонско – албанските односи и би можел да резултира со состојби пред донесувањето на Рамковниот договор од 2001 година.

„Кој било обид, на пример дали македонските уставни судии да ги надгласуваат албанските уставни судии, дали Министерството за правда без согласност од целата Влада, дали Собранието без согласност и на претставниците на етничките заедници, дали кој било друг во државата ако се обиде на најсензитивното прашање да пристапи еднонасочно, буквално, како што рече, ја урива оската на која се држи балансот на македонско- албанските односи во државата“, рече Османи.

Трајановски до Шилегов: Да фатеше лопата и чизми ќе асфалтираше барем метар булевар

Петре Шилегов споменал дека не е негово да облекува чизми и да фаќа лопати. Ако се фатеше за лопата т.е за работа за овие 2 години ќе асфалтираше барем 1 метар од некој нов булевар.

Ова го пишува поранешниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски за сегашниот скопски татко.

Популарно