(ВИДЕО): Златев до Заев: Друг пат нас не не викајте на прес

Како што пишува порталот Мактел, на денешната прес-конференција во Влада, ПР тимот на премиерот донел нови правила за прес-конференции, по што еден новинар може да постави само едно прашање, а севкупно може да бидат поставени само 10 прашања. Од 30 присутни, само десетина успеале да постават прашање на премиерот бидејќи премиерот имал и други ангажмани во текот на денот.

На крајот од пресот, главниот и одговорен уредник на порталот „Лидер“ му се обраќа на премиерот со зборовите: Другиот пут само подобни новинари да си викате, нив со покана да си ги викате на меил, нас не не викајте.

За ова новинарот напиша и ФБ статус кој го пренесуваме во целост: На пресот на премиерот Заев не ми дозволија да поставам прашање. Просторот им беше отстапен само на оние со нарачани прашања од подобни медиуми. И по некој објективен доби шанса. Премиере, среќна нова 2016! Вака почна падот на претходната власт.

На ова застана и премиерот Заев, иако пресот беше завршен, кој се обиде да му одговори на новинарот зошто тоа е така односно зошто пресот не може да трае повеќе од предвиденото. Тој дел од видеото е всушност последната минута, а истото можете да го погледнете во продолжение:

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно