Со извици „браво!“ и петминутен аплауз помина синоќешната гала светска премиера на „Врба“ на Милчо Манчевски

Со извици „браво!“ и петминутен аплауз помина синоќешната гала светска премиера на „Врба“ на Милчо Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим. Публиката во полната сала со аплауз ги дочека актерките Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски со режисерот Манчевски.

„По завршувањето на филмот, неочекувано публиката стана направи круг околу филмската екипа и френетично аплаудираше цели пет минути“, велат од продукцијата на „Врба“ од Рим.

Предводени од режисерот, трите актерки Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски поминаа на црвениот килим во Аудиториумот Парко дела Музика. Покрај нив, на најдолгиот филмски црвен килим во светот поминаа и продуцентот Јане Ќортошев, директорот на Агенција за филм Горјан Тозија, Министерот за култура Хусни Исмаили и Магдалена Димова, вршител на должност при Амбасадата на Македонија во Рим.

„Македонските актерки го свртеа вниманието на себе пред светските медиуми, кои будно со своите камери го проследија секое нивно движење на црвениот килим. Она што беше уште покуриозитетно е што беа извикувани нивните имиња од италијански фанови, кои беа наредени од страната и ги повикуваа да направат фотографии со нив и со режисерот Манчевски, кој е миленик на италијанските филмофили, а неговите филмови се вклучени во школската лектира“, велат од продукцијата.

По премиерaта, „Врба“ ќе има уште две фестивалски проекции, денеска и утре.

Продукцијата најавува дека многу скоро филмот ќе има македонска премиера и веднаш потоа ќе биде на редовниот репертоар во скопските кино сали.

Извор: sdk.mk

Погледнете го трејлерот на филмот кој критичарите веќе го нарекуваат – најлош филм на годината

Новиот филм на Џејмс Френк и Меган Фокс веќе ја освои титулата Најлош филм во 2019 година, иако остануваат уште три месеци до крајот на годината!

Филмот „Зеровил“ беше прикажан во 80 кина за време на својата премиера викендов во Америка, заработувајќи 8.900 долари. Колку за споредба, филмот „Џокер” заработи 93,5 милиони долари за време на својот премиерeн викенд.

Овој филм е снимен, со повремени прекини заради креативните разлики и разни други случувања, од 2014 година! Направен е врз основа на романот на Стив Ериксон.

Покрај Џејмс Френк, кој ја игра главната улога, тука се и неговиот брат Дејв Франко, комичарите Сет Роген и Вил Ферел, како и филмската убавица Меган Фокс.

Но залудно - критичарите велат дека филмот е очаен, а тоа го покажува и заработката од минатиов викенд.

ФОТО: Актерката облечена како Хурем Султан прошета на црвениот тепих

Турската актерка Мерием Узерли, позната како Хурем Султан од туркста серија „Сулејман величествениот“, беше гостинка на Филмскиот фестивал во Венеција Со облеката многумина ги потсети на својата најдобра улога , султанката Хурем. Таа носеше раскошен  фустан во боја на шампањ, дизајнирана од славниот либанонско-италијански дизајнер Тони Вард.

Поглендете:

Популарно