Македонец се „пресекол" кога влегол во бањата

Летото и летните горештини се период во кој граѓаните треба да бидат особено внимателни при изложување на сонце поради опасноста од топлотен бран, но не ретко, треба да се внимава и на се почестата појава на разни влекачи, пред се змии и домови, кои се населуваат и во урбаните средини. И не само во урбаните средини,туку и во домови на некои граѓани, за каква што случка ни раскажа Миодраг Миленковски од Крива Паланка.

Неодамна во неговата бања во семејната куќа во населба Црвена нива, во атарот на село Кошари, влегол смок со должина од околу два метри, кој со помош на соседот успеале да го отстранат од домот.

– Беше топло, нешто по пладне, околу 13 часот. Бев на работа, кога ми се јави сопругата, ужасната, исплашена и видно вознемирена, викајќи ме итно да дојдам дома. Побрзав и кога стасав ми покажа на бањата, отворајќи ми ја вратата. И јас се исплашив кога видов, смок, сиво- црн, со жолт труп, стои обвиткан околу водоводната цевка.  Не знаејќи што да правам, со еден стап се обидов да го избркам, но тој влезе под кадата. Го повикав соседот Доне Стојановски, бидејќи знам по кажувања од негова страна дека имал искуство со змии и влекачи. Дојде, па заедно ја отстранивме кадата, а смокот повторно се врати на цевката и се обвитка околу неа. Доне храбро, со заштитни ракавици умешно го фати жив смокот со рацете, за глава и опаш, за среќа без да има какви било несакани моменти, изјави Миленковски.

Вели дека дваесет години живее во куќата, а досега првпат има ваков случај, немал забележано ниту во близина на домот влекачи.

Чичко Доне раскажува дека не му било страв да го улови смокот.

– Не ми беше страв, видов дека е смок, го распознав и дека е мажјак, има позаоблена опашка. Го фатив и го однесов надвор, а тој се качи на едно блиско дрво, па се спушти и исплашено побегна каде што треба да биде, во шумата. Сум имал повеќе ситуации уште од младоста, да бидам во близина на смок змија. Еднаш спасив една млада жена, доилка од женка- смок, морав да ја отепам, а смочицата всушност имаше во себе околу 15 јајца кои најверојатно ќе ги положила и ќе изведеше мали смоци. Другпат при ископ на камен отепав змија, рече Доне Стојановски.

Смокот успеал да се провре низ дел од дотраената мрежа на прозорецот од бањата и влегол внатре, но за среќа успешно е отстранет. Но, она што е интересно е случката од следниот ден.

– Утредента повторно се соочивме со непријатност, повторно ме повика сопругата бидејќи, наводно, смокот се вратил. Јас заедно со Доне отидов дома, но не стануваше збор за смокот од претходниот ден, туку за женката – смок, која сигурно според нас, влегла со смокот заедно, можеби се пареле, а таа најверојатно преноќила во нашиот дом под машината за перење алишта каде што ја пронајде сопругата. И неа ја исфрливме од домот жива, бидејќи постојат верувања во народот дека во секоја куќа има или змија, или смок. Се вели- смокот е домаќин и не треба да се тепа, а змијата е штетник, додаде Миленковски.

Според други верувања, во секоја куќа има змија или смок. Доколку во домот владее хармонија и мир, таа куќа ја чува смок, а ако во домот има недоразбирања и кавги, во куќата има змија.

Во секој случај, внимателно при движење во природа, во обраснати предели, но и на улица периодов, во времето на горештини кога влекачите се најраспространети. 

(Видео) Ученик и професорка страсно се бакнуваат среде час

Неименувана универзитетска професорка, наводно била избркана од своето работно место откако протече видео кое потврди дека таа се бакнувала со еден од нејзините студенти среде час.

Недоличното однесување го снимиле колегите на младиот и многу самоуверен Ромео на Државниот транспортен универзитет во Нижни Новгород, а во меѓувреме тамошните портали објавија дека снимката била направена минатата година откако училиштето добило дојава дека професорката многу лесно влетувала во романтични авантури.

Во однос на образовната институција во која е снимен скандалот, корисниците на социјалните мрежи претпоставуваат дека младиот заводник бил полнолетен кога му паднало на памет да ги почувствува усните на својата професорка, па во овој контекст, ниту руските портали не спомнале некаква истрага.

Засега не можеа да потврдат информациите дали навистина професорката е отпуштена поради ова.

Целото видео можете да го погледнете ОВДЕ

Бебе во Америка починало откако мајката го оставила да спие во рерна

Мараја Томас од Канзас Сити, Мисури беше обвинета за загрозување на благосостојбата на дете.

Како што објави обвинителот, бебе починало откако неговата мајка по грешка го заспала во рерна.

Во петокот попладне полицијата реагираше на пријава за бебе кое не дише. Во изјавата за веројатната причина се наведува дека брзата помош го нашла детето со видливи изгореници. Бебето е констатирано мртво на местото на настанот.

Во соопштението за медиумите се наведува дека сведокот рекол дека мајката „го заспала детето и случајно го ставила во рерна наместо во креветчето“. Полицијата не прецизираше како точно дошло до грешката, пишува Sky News.

„Ја препознаваме ужасната природа на оваа трагедија и нашите срца се тешки поради загубата на овој скапоцен живот. Веруваме дека системот на кривичната правда соодветно ќе одговори на овие ужасни околности“, рече окружниот обвинител на округот Џексон, Жан Питер Бејкер.

Пијан полицаел застрелал жена во грб, па додека лежала на земја испукал уште 15 куршуми

На Елвис Ќустендил, осомничениот за убиството на Амра Кахримановиќ на 7 февруари 2024 година, в.д. обвинител на Кантоналното обвинителство му одредил притвор, пренесува Аваз.

Ќустендил е осомничен дека откако Амра Кахримановиќ, косопственик на ресторан во Трговскиот центар Сјењак во Тузла, дошла околу 21:00 часот да го затвори ресторанот и да ја напушти просторијата, тој одеднаш станал, ја следел жртвата во ходникот на трговскиот центар и од непосредна близина на подмолен начин испукал еден истрел во грбот на повредената.

Пукал, со службен пиштол, со оглед на тоа дека убиецот е полицаец.

Откако ја застрелал во грб, додека жртвата лежела на подот, испукал уште петнаесет истрели во различни делови од телото и ја убил.

Набргу по настанот, осомничениот бил приведен од припадници на Единицата за поддршка на МВР ТК пред зградата во која живее во Тузла.

Припадниците на Секторот за криминалистичка полиција извршија кривична истрага, а заедно со пријавата за стореното кривично дело, пријавениот е предаден на Обвинителството.

Популарно