Пет тајни на жените кои никогаш не се дебелеат и живеат најдолго

Жителите на Јапонија во последните над 20 години го држат светскиот рекорд како жени со најдолг животен век, а во просек живеат 84 и пол години. Освен тоа, речиси никогаш не се дебелеат. Во продолжение дознајте која е тајната на нивната долговечност и младоликост.

Јапонската писателка Наоми Моријама е авторка на книгата ‘Japanese Women Don’t Get Old or Fat’ (Јапонките не стареат и не се дебелеат) во која се откриени тајните на долговечноста и вечната младоликост на „чудесните” Јапонки. Жените во Јапонија се хранат исклучително здраво, а јапонската култура налага сервирање на мали порции.

Нивната исхрана претежно се состои од риба, алги, овошје, соја, ориз, зеленчук и зелен чај. Освен што е здрава, оваа храна има и анти-ејџ ефект поради кој Јапонките секогаш изгледаат младолико.

Наоми Моријама во својата книга открива 5 тајни за фантастичниот изглед на Јапонките.

1.Жените во Јапонија речиси секогаш јадат оброци подготвени дома кои претежно се состојат од риба на скара, ориз, варен зеленчук, супа, зелен чај и овошје. Јапонките конзумираат дури 10% од вкупната конзумација на риба во светот, а ја сочинуваат само 2% од светската популација.

2.Храната се вари или се прави на скара, а наместо леб Јапонките јадат ориз. Вообичаениот јапонски појадок го сочинуваат парче риба, ориз, тофу, алги, супа, млад лук, омлет и зелен чај, се’ во мали порции.

3.Слатките десерти се реткост во јапонската кујна, а и кога се јадат секогаш се работи за мали количини. Не е дека Јапонките не сакаат чоколади и колачи – едноставно се свесни за последиците и штетните нуспојави на слаткото по здравјето.

4.Родителите ги учат своите деца да јадат бавно и да го ценат секој залак. Поради тоа Јапонците никогаш не ја полнат чинијата до врвот и не сервираат големи порции, а секој вид храна се послужува одвоено.

5.„Вежбањето е дел од секојдневната рутина во Јапонија, а за да го одржат здравиот начин на живот, Јапонците изградија цела култура на возење велосипеди, пешачење и трчање”, заклучува Наоми Моријама во својата книга.

ВИДЕО: Вале Гулабица во крвет со маж со перика!

Ја немаше подолго време или барем нас не ни излегла пред очи, но еве Вале била вредна. Снимила песна и спот, закачени на YouTube во Јули годинава.

Песната, доследна на нејзините претходни хитови. Спотот.... спотот е... спотот.... Погледнете сами:

ФОТО: Хајди Клум го надува градите - ОГРОМНИ се!!!

Манекенката Хајди Клум (46) умее да го привлече вниманието на своите фанови на Инстаграм. Пред само неколку дена папараците ја сликаа како се сонча топлес покрај братот на нејзиниот сопруг, а откако тоа се најде во сите медиуми, Хајди го возврати ударот и тоа на оригинален начин.

Таа објави фотографија со гума за пливање која е во форма на голи гради. „Позирам топлес за мојот сопруг“, напиша Хајди, откако ја сподели фотографијата. Атрактивната манекенка и ТВ водителка се омажи по втор пат за 17 години помладиот музичар Том Каулиќ (29).

ВИДЕО: Потпретседателот на СДСМ кога беше пејач

Авторот и ПР експерт, Коста Петров пред неколку дена беше избран за еден од потпретседателите на владејачката СДСМ.

Петров најмногу и е познат на македонската јавност по неговите книги. Тој е еден од најпродаваните автори во Македонија. Неговите „Се гледаме на врвот“, „Стравот“ се бестселери. Беше и портпарол на Министерството за здравство, кога истото го водеше актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари од Алијансата за Албанците. Тој беше и еден од авторите на евровизиската песна „Горда“, со која настапи Македонија на последната Евровизија во Израел.

Сепак во неговата биографија има и едно музичко остварување, овековечено со видео запис.

Коста Петров - Град на порази

Популарно