Јанески до Заев: Многу педе*ски премиере, многу педе*ски

И новинарот Огнен Јанески вечерва реагираше на изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече дека немало да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден, како што рече, педер, да ја бутнат Владата.

-Криминалци, еден суетен новинар, и да те извини ЛГБТ-заедницата, и еден “педер”? Оооо… Боже Господе! Страхотно! Многу педерски премиере, многу педерски. Ајде сега, зградата на Владата во боите на виножитото да ја обоите, сосе јавно извинување и потпишано со пенкало на суетен новинар, “час поскоро”, напиша Јанески.

Јоци: Еве што најде полицијата во домот на Јанева

По полициската акција во домот на Јанева во Козле, оној во Гевгелија и канцеларијата во СЈО, новинарката Јорданка Ивановска - Јоци со свое гледање на целата ситуација:

„После 2 месеци, МВР и` го тресе домот на Јанева во Гевгелија плус канцеларијата во СЈО!?!

Значи, браос.

Не знам што ќе најдат.

Рецепта за ,,реформ" торта, скриена на таван, монтка од '85та и рупурут за желудочна киселина.“

ВИДЕО: Полицијата и го одзема мебелот на Јанева

Пред домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, камерите забележаа како пристигнува камион за заплена на мебелот од речиси 5.000 евра што го добила од бизнисменот Орце Камчев, за да издејствува поповолни околности за него во случајот „Империја“.

Камионот пристигна пред куќата на Јанева во скопската населба Козле половина час откако се врати полицијата за да направи дополнителен претрес, додека пак во канцеларијата во СЈО ѝ беше одземен службениот компјутер.

Како што соопштија обвинителите од ОЈО на прес конференција, Јанева се стекнала со имотна корист од 298.000 денари, претежно во мебел и предмети.

Обвинителството побара притвор за специјалната обвинителка 35 дена по определувањето на првиот притвор за прво и второосомничениот. Во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор во Шуто Оризари.

ВИДЕО: Кучиња им се сснаа на полицајците кои дојдоа да ја уапсат Катица Јанева

Додека македонската јавност под будно око го пратеше апсењето на специјалната обвинителка Катица Јанева, заради аферата „Рекет“, камерите забележаа една интересна сцена.

Како што може да се види, кучиња во еден момент ги нападнаа и лаеја по полицајците кои стоеја пред куќата на обвинителката.

Да потсетиме, Јанева е уапсена по налог на Обвинителството за организиран криминал за злоупотреба на службената позиција и противправно стекнување на околу 5.000 евра.

Обвинителството бараше мерка притвор.

Во случајот „Рекет“ засега се обвинети само Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски, кои од бизнисменот Јордан Камчев изнудиле повеќе од милион евра во замена за ослободување од притвор.

Инаку, решение за ослободување на Камчев од притворот морала да одобри шефицата на Специјалното обвинителство, Катица Јанева.

Популарно