ВИДЕО: Родилка koja почина на ГАК минатиот викенд била невеста

Родилка од Македонска Каменица почина вчера наутро на Клиниката за гинекологија и покрај двочасовните обиди за реанимација од страна на лекарите.

Масивна тромб емболија поради што дошло до попуштање на срцето но и белите дробови најверојатно е причината за смртта на 27 годишната жена, која во многу тешка состојба со Брза помош била донесена на ГАК, јави Сител.

-Имала потешкотии со одењето, лесно се заморувала, и тоа 5-6 дена, мисела дека е нормално, беше многу топло а викендот и била невеста и мислеле дека од тоа се заморува, но не било така. Од првичните испитувања најверојатно масивна тромб емболија со декомпензирано срце е причината за смртта, вели др. Викторија Јовановска директор на ГАК.

Се апелира сите трудници за било какви потешкотии и болки да се обратат на лекар.

Товарен воз удри во маж кај железничка станица Илинден

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил товарен воз кај железничката станица Илинден.

-Синоќа во 02:30 часот по полноќ на железничката станица Илинден, товарен воз кој сообраќал на релација Табановце – Трубарево - Гевгелија удрил во едно лице. Лицето, кое е најверојатно мигрант, се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје - информира МВР.

Две лица нападнати од неколку гости во скопски ресторан

Вчера во 19:45 часот во СВР Скопје, 39-годишниот Д.Н. од Скопје пријавил дека околу 21:30 часот во угостителски објект во Скопје, Д.Н. и Т.Т.(54) од Скопје биле физички нападнати од неколку гости во објектот.

Како што информира МВР, причина за физичкиот напад било претходно недоразбирање. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Пожар избувна во викендичка во Скопје

Во викендичка во село Побожје, сопственост на 38-годишниот А.Р. од Скопје, вчера во 22:20 часот настанал пожар, при што изгорел првиот кат.

Како што пренесуваат од МВР, повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно локализиран. 

Популарно