ФОТО: Што се случува со младите, вчера кај Универзална Сала без сведок на случка

Пред неколку вечери, во близина на Универзална Сала бев сведок на една случка, многу проблематична и предупредувачка. Друштво од две момчиња и две девојчиња од 16, 17 години, бучно се расправаа на улица. Го загледав едното момче, високо, силно, спортски тип, го препознав, син на угледни родители. Татко му е познат лекар.

Почна да се закача со девојчето до себе, физички, прво делуваше како шега, но кога видов како силно ја удри по тилот, таа вресна и му рече- Доста, ќе те пријавам во полиција! Тој се тргна од нејзе па се упати кон другото девојче да ја удира со клоци.

Второто момче не реагираше воопшто, ми делуваше дека овој начин на комуникација им е нешто вообичаено. НАСИЛСТВО. НАСИЛСТВО БЕЗ ПРИЧИНА, ОД ДОСАДА.

Не, ниту едно насилство не е без причина. Зошто е во пораст насилството кај децата? Додека ова бизарно општество се бања во криминал, додека телевиизиите блујат секоја вечер – ПРИВЕДУВЊЕ, АПСЕЊЕ, КРИВИЧНИ ДЕЛА, СУДНИЦИ, ЛИСИЦИ, РЕКЕТ, ПОТКУП, МАФИЈА, КРАЖБИ. Додека вие како родители слатко си ќаскате за корупцијата, за Вмро, за Сдсм, за федерализации, за освета, за затвори, за поделби, за криминалци, за бесење на плштад, за Никола, Зоки, Али, тие се на улица или бленат во компјутерот.

Не зборуваат за Шекспир, за Превер, Маркес, за добра музика, за своите соништа, за љубовта. Тие се оставени сами да СОЗДАДАТ СЛИКА ЗА МОРАЛОТ. САМИ! НЕ СТЕ ИМАЛЕ НИТУ ЖЕЛБА, НИТУ ВРЕМЕ ДА ИМ ОБЈАСНИТЕ ЗА ВЕЛИЧЕСТВЕНОСТА НА ЖИВОТОТ, ЗА УМЕТНОСТА НА ЉУБОВТА, ЗА СОЛИДАРНОСТА, ЕМПАТИЈАТА. Вам не ви значи ништо од ова. Ги бркате од себе, не им објаснувате дека има длабоки класни разлики во општеството., затоа што за вас сиромаштијата е болест.

Ги фрлате во бездна сопствените деца, затоа што немате никаква желба вие да излезете од таа состојба. СВЕСНИ ЛИ СТЕ КОЛКУ ИМА ДЕЛИКВЕНТИ ВО АЕРОДРОМ, ЧАИР, ЦЕНТАР, КАРПОШ? СВЕСНИ ЛИ СТЕ ДЕКА МОЖЕБИ ВАШЕТО ДЕТЕ Е ЕДНО ОД НИВ? ИЛИ, ПОД ТЕПИХ ЌЕ ГО ФРЛИТЕ И ТОА ШТО ГО НАСЕТУВАТЕ? ДА, ЌЕ ГО ФРЛИТЕ ПОД ТЕПИХ НАСИЛСТВОТО КАЈ СВОЕТО ДЕТЕ.

Вчера беше убиено дете, од друго дете.Само пред 16 години проодел, пред 15 прозборел, пред две завршил основно школо. Цел живот бил пред ова дете. ЦЕЛ ЖИВОТ. ВИНАТА ЗА ТОА ШТО НЕМА ДА ЧУКА ПОВЕЌЕ ОВА МЛАДО СРЦЕ Е НА ЦЕЛОТО ОВА ВАЛКАНО ОПШТЕСТВО) ПОЛНО СО ЛУЃЕ. ЗАТВОРЕНИ ВО СЕБЕ, ПОЛНИ СО ГНЕВ, ОМРАЗА, ОДМАЗДА, ВАЛКАНА ПОЛИТИКА, ШИЗОФРЕНИЈА.

Фејсбук статус на Ана Глигорова.

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Опожарено возило во гаражите на „Ист гејт мол“

Во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје, попладнево во гаражите било опожарено едно возило, по што интервенирале од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Пожарот бил локализиран и нема повредени. По увидот на надлежните служби, како што информираат, трговскиот центар продолжил да работи.

Како што информираат од МВР, во 18:45 часот настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло" со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А. (62) од скопското село Кондово.

-  Пожарот бил локализиран. Повредени лица нема, се вели во соопштението од МВР.

Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации, како што информираат од трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, биле активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани, а како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица.

Од Пожарна за МИА информираа дека интервенирале со едно возило, по пријава од посетители на молот.

- Завршена е интервенцијата. Станува збор за опожарено едно возило. Службите во „Ист Гејт“ веќе почнале да го гасат. По реакција од посетители, испратено е едно возило со шест пожарникари, информираа за МИА од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

По увидот на надлежните служби, трговскиот центар, како што информираат од „Ист Гејт Мол“,  продолжил да работи со редовно работно време до 22 часот. 

(Видео) Како беше извршен филмскиот грабежот на маркет во Црниче?

На социјалните мрежи доцна синоќа беше објавена снимка од грабежот на маркет во скопската населба Црниче.

На снимката може да се забележи возило и лица кои се обидуваaт да го украдат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа за настанот.

- На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било   пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.  Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението до полицијата.

Маркетот e ограбен откако автомобил влетал во влезната врата, алармот се вклучил, а разбојниците го земале сефот.

Популарно