ВИДЕО : Нефи Усеини човекот со кривични дела, а без затворски казни

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) го започна серијалот „Локални шерифи“ со добро познатиот, или подобро речено – озлогласениот советник на Општина Охрид од редовите на ДУИ – Нефи Усеини.

Како што вели Сашка Цветковска, автор на проектот, серијалот има за цел, преку истражување на локалните проблеми, да ги покаже апсурдите на кои е сведен системот, кој од независноста до денес почива на широко распространета и длабоко пенетрирана корупција.

Таква е и приказната за Нефи Усеини – не портретира само еден обичен злосторник, туку и гнилиот систем изграден на начин што го направи прифатливо бруталното кршење на законите, пишува „ИРЛ“. Нефи Усеини не е обичен човек. Тој може да прави кривични дела (меѓу кои и долга низа тешки кражби) без да ги издржи затворските казни. Може да учествува во борби со кучиња и видеата од нив да ги објавува на социјалните мрежи без да се плаши дека ќе го побара полиција.

Во однесувањето на Нефи судската, извршната и законодавната власт не гледаат проблем, исто како и партии, пратеници, советници и градоначалници од оваа, но и претходните владејачки структури. Со нивна помош тој останува над законот. Деловни односи, освен со Исламската верска заедница (ИВЗ), Усеини има дури и со турската влада. Во Охрид тој е советник и има моќ да одлучува за најголемото културно и природно богатсво, се вели во најавата.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно