ВИДЕО: Полицијата и го одзема мебелот на Јанева

Пред домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, камерите забележаа како пристигнува камион за заплена на мебелот од речиси 5.000 евра што го добила од бизнисменот Орце Камчев, за да издејствува поповолни околности за него во случајот „Империја“.

Камионот пристигна пред куќата на Јанева во скопската населба Козле половина час откако се врати полицијата за да направи дополнителен претрес, додека пак во канцеларијата во СЈО ѝ беше одземен службениот компјутер.

Како што соопштија обвинителите од ОЈО на прес конференција, Јанева се стекнала со имотна корист од 298.000 денари, претежно во мебел и предмети.

Обвинителството побара притвор за специјалната обвинителка 35 дена по определувањето на првиот притвор за прво и второосомничениот. Во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно