Вчера попладне во Полициското одделение Петровец, надлежните лица од касарната „Страшо Пинџур“ пријавиле дека кај нив бил задржан 22-годишен граѓанин на Германија.
Според пријавата, странскиот државјанин влегол во кругот на касарната. Тој изјавил дека залутал следејќи ги насоките од ГПС-уредот.
Лицето било приведено во Полициското одделение Петровец за расчистување на случајот.