Пријателот на Гру раскажа што се случило

Славниот српски рапер Далибор Андонов Гру почина во страшна несреќа на вода додека уживаше во екстремен спорт, а неговите пријатели кои во моментот на трагдијата биле со него уште не можат да се опорават од шокот и тагата.

- „На почетокот се беше прекрасно, фативме малку ветер, се забавуваме. Беше се во ред, возевме два до три часа. Потоа немаше ветер и се беше во ред. Сакавме да влеземе во чамец, Гру ми рече земете ми ја даската зошто остана 15 метри од него. Тргнавме со чамецот. Дојде нов удар на ветер и тој налет го однесе со брзина од 70 километри на час. не можевме да го стигнеме", вели неговиот пријател Алекс кој бил со него во моментот на кобната несреќа.

Тргнале по него но не успеале да го спасат, се се одвивало во 20 секунди.

- „20 секунди ветерот го удираше во водата и го креваше во воздух 2-3 пати. Леташе меѓу 300 и 500 метри. Го ставивме во чамец кога го стигнавме, бидејќи е потежок човек ни требаше малку време. Ни требаа две минути. Одевме кон обалата најбрзо што можевме и се обидовме да го реанимираме", вели тој

Му правеле масажа на срцето па ја чекале Итната помош. Тие само констатирале смрт.

- „ Ни рекоа дека смртта настанала со тие неколку удари во водата. Не ни мислевме дека ќе се случи вакво нешто", додава пријателот кој е скршен.

Гру ќе биде погребан во четврток во 14 часот и 30 минути, а зад себе остави сопруга и два малолетни сина.

ФОТО: Емина Јаховиќ призна дека имала естетска корекција

Иако денес е една од најубавите жени на српската страда, за Емина Јаховиќ се зборува дека има направено неколку естетски корекции. Таа не зборува често на таа тема, но сега откри дека имала корекција на носот.

- Кога веќе станува збор за операции и корекции сакам да ви кажам од прва рака дека не себе немам направени ниту една пластична операција, освен корекција на носот, кој за прв пат го скршив кога имав 14 години.На 14 години не можев да се оперирам бидејќи коските на лицето се уште се развиваат, па морав да почекам итоа да го направам на 21 година- напишала Емина на Твитер.

Емина на Инстаграм објави и фотографија од детството на која изгледа речиси како момче.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

İf İ was a boy...😂 very #tb

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina) on

ВИДЕО: Кукиќ објави видео од пред 23 години

Во последната сезона на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, победата ја однесоа двајца Македонци, односно Ленче Кукиќ победи по гласовите на „Фејсбук“ и гласовите на жирито,  Бејхан Рамов победи од гласовите на публиката, а жирито ја нарече македонската Адел.

Иако сите ја знаеме како изгледаше на гламурозната сцена во „Гранд“, Кукиќ деновиве сподели видео старо 23 години каде на фестивал ја пее песната „Барам место на естрадата“.

Со некој килограм помалку и во фолклорена носиа, вака изгледаше Кукиќ пред 23 години.

Погледнете ја: 

Беквалац: Повторно ќе се мажам, сè уште верувам во љубовта

По пропаѓањето на трите брака – со бившиот ватерполист Данило Икодиновиќ, поранешниот ракометар Љуба Јовановиќ и со Лука Лазукиќ, Наташа Беквалац би сакала уште еднаш да застане пред олтарот.

Кога ќе се појави вистинскиот, повторно ќе се омажам! Се разбира, куќа не се гради од покривот и не се размислува за брак кога немаш човек покрај себе. Сè уште верувам во љубовта, никогаш не престанав, тоа би било поразително за мене и не би имала волја за живот“, открива убавата пејачка во интервјуто за „Информер хит“.

Таа многу не сакаше да зборува на оваа тема, а во пред некое време во емисија на „Амиѓи шоу“ откри дали е разведена и каков е нејзиниот емотивен статус.

„Се уште законски не сум разведена, но откако не сум во заедница не ми се случи никој. Како зрачиш, така привлачиш. Не е дека не сум спремна, но никој не ми привлаче внимание. Ја сум комлицирана за мажите. Имам ќерка која има 12 години. Катја е бебе, посветена мајка сум и сега не сум подготвена за нешто големо. Но, нешто несериозно, зошто да не“ вели Беквалац.

Наташа опиша како сега изгледа нејзиното семејство.

„Во моето семејство ја вбројувам и Јована, дадилката на Катја, кога сега ми е најдобра другарка. Ние 4 сме совршено семејство. Мојот однос меѓу мене и Хана е пријателски, но се знае кој е кој. Кога ќе ме замоли нешто, како да и кажам не?“ вели Наташа.

Беквалац истакна дека на својота ќерка и забранила да има „Инстаграм“ и ќе биде така се додека може.

Популарно