Заев за Бик Мајк: Ништо не криеме - Тоа се нови работни места

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција по вчерашната лидерска средба со Христијан Мицкоски, ја искоментира и средбата со Биг Мајк, светски претприемач во полето на одгледување на канабис.

- „Ние не ги соопштуваме сите средби. Јас седев до човекот, немаме дилеми и ништо не криеме. Целта беше медицинско масло од канабис и да го зајакнеме правото на извоз, тоа да се користи за медицински употреби. Господинот Биг Мајк побара средба, поради тоа што постои во Македонија може да се помогне во неговиот пласман. Не сме имала што да криеме. Ќе работиме понатаму во се, за интерес на државата. Тоа за нас се нови работни места“, истакна Заев на прес-конференцијата на новинарско прашање.

Инаку, Биг Мајк објавуваше фотографии со Заев, а од Владата немаше официјално соопштение за таа средба.

Михајловски: Џабе плашиш Османи, ние Македонците сме вратени пред 1945

Тони Михајловски, актер и член на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку Фејсбук му испрата порака на вцепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

„Тоа, на некој апсурден начин, би било и поместување напред Бујар Османи, затоа што ние Македонците сме вратени пред 1945. Џабе плашиш“, напиша Михајловски.

Ова следуваше откако вицепремиерот Бујар Османи изјави дека смета оти Законот за јазици не треба да се чепка. Тој предупреди дека секој обид за еднострано менување на Законот ќе значи нарушување на балансот во македонско – албанските односи и би можел да резултира со состојби пред донесувањето на Рамковниот договор од 2001 година.

„Кој било обид, на пример дали македонските уставни судии да ги надгласуваат албанските уставни судии, дали Министерството за правда без согласност од целата Влада, дали Собранието без согласност и на претставниците на етничките заедници, дали кој било друг во државата ако се обиде на најсензитивното прашање да пристапи еднонасочно, буквално, како што рече, ја урива оската на која се држи балансот на македонско- албанските односи во државата“, рече Османи.

Трајановски до Шилегов: Да фатеше лопата и чизми ќе асфалтираше барем метар булевар

Петре Шилегов споменал дека не е негово да облекува чизми и да фаќа лопати. Ако се фатеше за лопата т.е за работа за овие 2 години ќе асфалтираше барем 1 метар од некој нов булевар.

Ова го пишува поранешниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски за сегашниот скопски татко.

ЗОШТО СЕ ПРЕВРТЕ АВТОБУСОТ - ќе бидат ли патниците обесштетени

Агенцијата Камелија Турс презеде одговорност за сообраќајната несреќа во Србија. Чувствуваме одговорност и жалиме за настанот што се случи вчера на пат кон Копаоник, ијави Ивана Јакимовска, менаџер на туристичката агенција „Камелија турс“, чиј автобус се преврте на патот Блаце - Прокупље кај местото Белољин во соседна Србија.

„Агенцијата презеде одговорност да ги однесе и врати патниците. Во случајот ние само организатори на патувањето, а превозник е 'Амиго компани' од Гевгелија. Сите патници се безбедно вратени во своите домови, освен еден кој е задржан во Општата болница во Ниш. Во автобусот имаше вкупно 50 патници кои користеа дводневен аранжман. Сите патници ќе бидат обесштетени од „Камелија турс“ согласно правилата и македонските закони“, изјави Јакимовска за 24 вести.

Српската полиција и обвинителството уште ги истражуваат причините за несреќата и деновиве треба да излезат со официјален извештај. 

А од „Амиго компани“, пак, за МТВ изјавиле дека патот, иако бил тампониран, тој не бил добро разгазен, а како причина се наведува и лошата сигнализација. Тој пат е во реконструкција, и таму и доколку некој сакал, не можел да вози брзо. На патот имало работници, а автобусот најверојатно сакал да избегне судир со кола. 

„Автобусот е понов, а возачите се со долгогодишно искуство. Таму не може да се вози брзо и да се сака, дури и автомобилите не можат да возат повеќе од 40 километри на час“, изјавиле од „Амиго компани“.

Сите повредени патници се добро и се вратени во земјава, освен патничката која беше потешко повредена и беше префрлена во Болницата во Ниш, на одделението за неврохирургија. Таа не е во загрозувачка состојба, а од Македонската амбасада во Белград изјавиле дека постојано се следи нејзината состојба.

Популарно