МВР „влезе“ во Грчец, Сарај и Студеничани

Голема полициска акција вечерва се спроведува во подрачјето на Сарај, како и во селата Грчец и Студеничани, пишува Алсат

Како што дознава Алсат, во акциите учествуваат припадници на редовната полиција и единиците за брзо распоредување.

Владата го зголемува процентот на повратот ДДВ?!

Граѓаните кои скенираат фискални сметки да добиваат повисок процент од 15% од платениот ДДВ. Владата планира измени во проектот Мој ДДВ за поголема масовност, дознава Сител.

Колкаво би било зголемувањето на вратените пари, засега не се открива. Нашите извори велат дека не е во ред лицата кои скенираат месечно да добиваат максимум 600 денари, за кои треба да потрошот над 30 илјади денари, а дневно со наградната игра да се доделуваат по 1,000, 2.000 или 3 000 денари.

Затоа измените ќе бидат направени дел од парите предвидени за Моја награда – 500 илјади евра, да се пренасочат кон сите кои скенираат фискални. Инаку до сега 185 илјади граѓаните ја користат апликацијата Мој ДДВ и за 3 месеци можат да добијат до 1.800 денари. За дел од граѓаните оваа сума е мала, затоа не скенираат фискални

На крајот од февруари лицата кои скенираат ќе ги добијат парите за октомври, ноември и декември. Во исто време, имаат можност и за учество во наградната игра, каде покрај дневни, се доделуваат и месечни награди, но и 2 главни премии од по 50 илјади евра. Годишно секој кој скенира фискални може да добие по 7.200 денари, или едно 4 члено семејство до 28.800 денари годишно.

Видео: Маж се самозапалил среде центарот на градот

Во Трговскиот центар во Кочани денеска околу пладне се самозапали маж на 40-годишна возраст.

Според информации од очевидци, лицето се полеало со бензин по што извадило запалка и се запалило. Минувачи и граѓани веднаш се обиделе да му помогнат и да го изгаснат пламенот, употребувајќи противпожарни апарати од соседните дуќани.

Повикани биле и екипи од Територијалната противпожарна единица и од Итната медицинска помош, по што лицето е однесено во Општата болница во Кочани.

Од Болницата потврдија дека повредениот се здобил со тешки изгореници и поради сериозноста на здравствената состојба итно е префрлен на клиниките во Скопје

Двајца братучеди загинале на лице место, мајката на едниот е во критична состојба

На Ибарската магистрала во Србија рано утринава, во околу 06:30 часот, во атарот на селото Милочај, во близина на Тавник кај Краљево, се случила не само сообраќајна несреќа туку и голема семејна трагедија во која животите ги изгубиле две момчиња - двајца братучеди од Рожај додека мајката на едниот е во критична состојба и се бори за живот.

До несреќа дошло кога голф со црногорски регистерски таблички, директно удрил во автобус кој доаѓал од спротивна насока.

Колку бил силен ударот зборуваат остатоците од автомобилот од кој не останало скоро ништо. Во крагуевски автобуис немало настрадани, ниту повредени.

Како што пишува Курир.рс, бртучедите биле на возраст од 18 и 28 години, а мајката на едниот од нив 49 години. Момчињата загинале на лице место.

На патот на кој се случила несреќата утринава имало исклучително густа магла.

Популарно