Македонец загина на Олимп

Членот на планинарско друштво „Шкупи“  Мефали Гури од Скопје, роден 1962 година, е планинарот кој загина на планината Олимп.  Оваа информацијата ја потврдија и од Министерството за надворешни работи, но и од неговото планинарско друштво пренесе порталот Sport 1.

Од својот член клубот „Шкупи“ се прости и преку социјалните мрежи. Од ова друштво потврдиле дека Гури во саботата околу 20 часот, застанал во близина на планинарскиот дом, се наведнал над стаповите и паднал во несвест, по што паднал 10ина метри кон амбисот.

Другите планинари по само неколку минути, притрчале и се обиделе со дефибрилатор да го вратат во живот, но за жал, безуспешно.

Kако што веќе објавивме, според сведочењето на очевидци, планинарот на 100 метри пред планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“ застанал, по што изгубил рамнотежа и паднал во бездна.

Причината за смртта ќе се знае по обдукцијата која ќе се изврши утре во Солун, а според првичните претпоставки, најверојатно, планинарот Гури добил срцев удар.

Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во врска со неговото апсење поради поседување дрога

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ синоќа беше приведен откако кај него била пронајдена дрога, а како што дознава српскиот медиум „Нова.рс“ утре ќе биде сослушан во обвинителството.

Трифуновиќ беше приведен околу 20.00 часот во Вождовац откако, како што се сомнева, купувал марихуана од познаник. Со него е приведен и С.М.(31) од кого актерот наводно ја купил марихуаната.

Трифуновиќ по апсењето доби притвор до 48 часа, а утре ќе биде спроведен на распит во обвинителството. По рочиштето ќе се знае дали ќе биде ослободен или приведен.

Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка

Вработена во средно училиште во Битола нападната од своја колешка.

- На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т.(28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола  била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Битолчанец со пушка пукал во куче на Широк Сокак

Битолчанецот З.Л (63) од својот дом на улицата Широк Сокак со воздушна пушка пукал во куче скитник, соопштуваат од СВР Битола. Полицијата му ја одзела воздушната пушка, а по известувањето на јавен обвинител ќе биде поднесена и соодветна пријава кон битолчанецот.

На Широк Сокак, најпрометната улица за пешаци во Битола има голем број на кучиња скитници и голем дел од пријавите за каснување на луѓе се токму од таа улица.

Општина Битола лани исплати 123.952 евра по тужби на граѓани за каснати од кучиња скитници. За три години дури за седум пати пораснал износот на пари што Општината ги исплатила по тужби од граѓани. Во 2022 година биле платени 2.885.115 денари (46.912 евра), а во 2021 година 1.129.000 денари (18.350 евра).

Ова не е прв случај за пукање со пушка  во кучиња скитници во Битола

Популарно