Фронтменот на рок-групата „Карс“ пронајден мpтoв

Фронтменот на рок-групата „Карс“, Рик Окасек беше пронајден мpтoв во стан во Њујорк. Полицијата вчера соопшти дека властите рeaгирале на повик на телефонот 911, па кај 75-годишниот пејач само била кoнстатирана cмpт.

Нема знаци на нacилcтво и нaпaд. Причината за cмpттa на рокерот ќе биде утвpдена по oбдyкцијaта.

Меѓу најпознатите хитови на „Карс“ од крајот на 1970-тите и 80-тите, се „ Just What I Needed“, „Shake it Up“ и „Drive“.

Бендот лани беше поставен и во Рок-ен-рол салата на славните. (МИА)

Видео: Бура од емоции во новата песна на Владо Јаневски, слушнете ја!

Владо Јаневски  објави нова песна која сигурно ќе стане хит како и сите други негови песни.

Оваа се вика „Недостасуваш“. Песната е под покровителство на „Croatia records“ каде тој е ексклузивец.

Владо за хрватскиот пазар најавува нов албум и учество на фестивали.

Магични и празнични: Пет најсподелувани песни за Среќен Божиќ

Православните христијани денес го слават еден од најголемите верски празници, Божиќ. Социјалните мрежи се полни со празнични песни со кои се одбележува овој празник.

Ова се песните кои најчесто се постираат и споделуваат: 

1. Каролина Гочева - Ѕвонат ѕвонат

2. Група македонски изведувачи - Вечниот Бог 

3. Златна Славејче - Божиќна песна

4. Небо и земја - Божикна песна

5. Петар Грашо - Фритула

Видео: Каролина промовираше нова песна во „Дајте Музика“

По скоро две години, Каролина Гочева има нова песна. Таа ја промовираше „Обичен необичен ден“ во „Дајте музика“ и откри дека песната е направена специјално за оваа детска музичка емисија. Автор на песната е нејзиниот долгогодишен соработник, Николче Мицевски.

„Многу се радувам што бев дел од најпопуларната емисија за деца ‘Дајте музика’ и фала им на моите слатки другарчиња што ми помогнаа заедно да ја отпееме ‘Обично необичен ден’. И не заборавајте – искрените другарства се многу важни и за цел живот“, напиша, меѓу другото Каролина на „Фејсбук“.

Новата песна на Каролина е прва откако го промовираше албумот „Извор“ во 2018 година.

Популарно