Убавата манекенка Арбенита Исмаили од Куманово, која својата професија ја реализира во САД, продолжува со своите следбеници на Инстаграм да споделува прекрасни фотографии и видеа. А тие ја оценуваат како „ѕвезда”.
Арбенита долго време е дел од американската агенцијата „Elite”, додека понуди за неа постојано пристигнуваат и од други добро познати агенции во светот.
На последните објави на социјалната мрежа, каде брои скоро 400.000 следбеници, таа напишала „Долга коса, големи соништа” укажувајќи на нејзиниот нов стил на коса.