(ВИДЕО) Јелена Карлеуша: „Ќе добиеш ќотек“

Јелена Карлеуша повторно се сретна со медиумите и го искористи моментот за да ги нападне новинарите, кои ги смета за виновни за објавените детали за нејзината љубовна афера со фудбалерот Огњен Врањеш.

Овој пат на нејзина мета била новинарка која известувала од пред Основниот суд, каде беше одржано рочиштето меѓу Карлеуша и Цеца.

По излегувањето од судницата, новинарката побарала од Јелена изјава, а пејачката веднаш ја нападнала: „Тебе да ти дадам изјава? Можеш само ќотек да добиеш“, рекла Карлеуша.

Погледнете:

ФОТО: Билјана Дебарлиева прослави 25 години брак со сопругот

Македонската водителка и ТВ-презентерка, Билјана Дебарлиева, прослави 25 години брак.

Нејзиниот сопруг Јован на социјалните мрежи објави нивна заедничка фотографија додека ја одбележувале годишнината во еден скопски ресторан.

Билјана и Јован имаат две деца, син и ќерка, но тие ретко се појавуваат во јавноста со својата мајка.

Љубомир Перучица: Морав да попуштам

Српскиот пејач Љубомир Перучица пред неколку дена заплива во брачните води и ѝ го кажа судбоносното „да“ на својата партнерка, водителката Катарина Колозеус.

По нивната свадба започнаа да се шират многу шпекулации, па сега парот откри дали е точно дека се скарале на свадбата.

-Не е баш кавга, само не се согласивме. Тој мораше да попушти, немаше друг избор, вели Катарина.

„Да, немав избор. Јас сакав таа да го земе моето презиме, а таа сакаше да го задржи своето презиме и да го додаде моето, околу тоа не се согласивме“ објасни Перучица.

-Не, јас имам многу добро презиме, никој го нема и ми беше жал да се ослободам од него. Сега сум и Колозеус и Перучица, вели водителката.

ВИДЕО: Цеца пееше на роденденот на Врањеш и ја „излуде“ публиката

Само што пристигнала на прославата, Светлана Цеца Ражнатовиќ ги развеселила гостите кои присуствувале на роденденот на фудбалерот Огњен Врањеш.

Тој веднаш седнал во првиот ред и уживал во музиката, а таа се појавила во долг фустан и го извела својот хит „Ваздух кои дишем“, додека гостите го скандирале нејзиното име.

„Јас сакам да му го честитам роденденот на домаќинот, како и на неговото девојче, да ни се здрави и живи 100 години и секако најсреќни на светот! Живели!“, рекла Цеца и продолжила да ги пее своите песни.

Огњен роденденот го славел во Атина, каде први се појавиле неговите соиграчи од клубот. Дола и неговата 5-годишна ќерка која исто така славела роденден, а тој од неа цела вечер не се одвојувал.

Популарно