Во оваа земја има 10 илјади луѓе кои имаат 100 години

Канада  минатата година забележа рекордно зголемување на популацијата, што се претпоставува дека е резултат на миграцијата, но во исто време, населението во таа земја  се повеќе старее.

Така според најновите податици за првпат во земјата се регистрирани над 10.000 луѓе кои се на возраст од 100 години .

Според официјалните бројки од минатата година, населението во Канада  се зголемува секоја минута за едно лице.

Уште еден наш сограѓанин моли за помош

Секојдневно наши сограѓани упатуваат повик за помош поради здравствени проблеми. 

Текстот кој ќе го прочитате подолу, со сигурност ќе предизвика емоции кај вас и ќе ве предизвика да донирате.

Сите потребни податоци за донација, вклучувајќи ги и мобилните оператори, се наведени во текстот.

Фото:„Делфина“ после 20 години се сретна со него

Вчера вечер публиката која дојде да ја гледа Неда Арнериќ   во театарската претстава „Се извинуваме, многу се извинуваме“ присуствуваше  и на еден емотивен чин кој предизвика солзи во очите и долги аплаузи.

По иницијатива на директорката Маја Андоновска-Илијевски, иницијатива која таа ја чуваше во тајност до крај на претставата, во публиката го донесе актерот Диме Илиев кој со Неда Арнериќ пред точно 43 години играше во филмот “Исправи се Делфина”, а последна средба помеѓу двата актери се случила пред добри 20 години.

Тој излезе на сцената на крај на претставата да и подари цвеќе, емотивна средба која публиката ќе памети секогаш, соопштија од Центарот за култура-Битола.

Избега затвореник со „дебело“ досие

При превоз на релација Клиничкиот Центар во Скопје - затвор Идризово,  успеа да побегне осуденик Фидан Асани. Тој бил осуден на 7 години и 7 месеци затвор за повеќе тешки кривични дела.

Во досието на 39-годишниот осуденик Фидан Асани, стои дека тој во 2000. година бил осуден за тешка телесна повреда, додека во 2007. за убиство во обид.

По три години е осуден за учество во топла која спречувала службено лице при бунт во Идризово, а во 2015. за загрозување на сигурноста на службено лице и предизвикување на општа опасност.

Во 2018. година бил осуден за криумчарење мигранти.

Извори од затворот Идризово велат дека чуварите кои денеска од Клиничкиот Центар го пренесувале осуденикот застанале да си купат сендвичи за јадење, а во тој момент тој успеал да избега откако до полициското возило застанало друго возило марка Мерцедес и од него излегле неколку непознати лица кои успеале да го земат затвореникот.

Избеганиот затвореник досега одлежал 1 година и 5 месеци во затворот Идризово.

Популарно