Попоски најавува температури повисоки од нормалните за околу 10 степени

Во текот на следниот период не очекува топол есенски период и температури повисоки од нормалните дури за околу десет степени. Сето ова ќе биде под влијание на топлата воздушна маса која од југ ќе продира кон нашата територија и ќе условува значителен пораст на температурите на воздухот кој ќе бидат касно летни и во најтоплите предели од државава истите се очекува да се искачат дооколу 26, 27 степени.

Времето ќе биде претежно стабилно и суво односно сончево со умерена локална облачност. Поради јужното струење на визина во текот на следниот период исто така од Сахара кон нашата територија се очекува транспорт на прашина и на песок па така и времето ќе стане помачно а особено ќе го почувствуваат метеопатите.

За нови и подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Oблачно со врнежи од дожд, на планините од снег

Во текот на денешниот ден претпладне ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови, а попладне ќе престануваат. Ќе дува повремено умерен северен ветер. Минималната температура во текот на ноќта  се движеше во интервал помеѓу 0 и 5, а  дневната ќе се движи  во интервал  од 5 до 12 степени.

Во Скопје утринската температура ќе достигне до 5 степени, а дневната температура до  9 степени.

Променливо облачно со слаб локален дожд

Во текот на денешниот ден не очекува претежно променливо облачно со слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. Повеќе врнежи ќе има во ноќните часови кон сабота. Ќе дува повремено умерен јужен ветер. Минималната температура во текот на ноќта  се движеше во интервал помеѓу -1 и 14 а  дневната ќе се движи  во интервал  од 4 до 14 степени.

Во Скопје утринската температура ќе достигне до 3 степени, а дневната температура до 9 степени.

Умерено до значително облачно со слаб локален дожд

Денеска времето во државава ќе биде умерено до значително облачно со слаб локален дожд, а на планините со снег. Утринската температура ќе се движи од минус три до пет, а дневната од два до 10 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно со слаб локален дожд. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до осум степени.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а на планините со снег. Во сабота се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа следува период на стабилно и потопло време, од понеделник со услови за магла по одделни котлини

Популарно