Сања Лукаревска со таткото Ѓокица Лукаревски скенираа сметки

Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, објави фотографија како скенира фискални сметки заедно со својот татко додека го пијат утринското кафе.

Нејзиниот татко е Ѓокица Лукаревски, познатиот актер и комичар.

„Скенираме“, стоеше во објавата на Лукаревска на социјалните мрежи каде што таа го промовира проектот „Мој ДДВ“.

Времето денес со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Популарно