ВИДЕО: Силен ветер однесе покрив од трговски центар

Исплашени купувачи едвај извлекле жива глава кога покрив од трговски центар во Ленинск Кузњецки одлетал поради силниот ветер.

Еден го минувачите ја снимил бурата и како покривот лета во небо.

Насекаде околу се растуриле делови од контрукцијата, а притоа се уништени и многу автомобили.

За среќа нема повредени, а локалните служби притоа имаа полни раце работа за да се расчисти теренот.

ВИДЕО: Еден човек загина од невремето што беснее во Австралија

Еден 79-годишен маж бил пронајден мртов зад рушевините на својата куќа која била уништена од одрон, како последица од невремето што беснее во Австралија. Несреќата се случила во местото Бад Клајнкирххајм

Според соопштенијата од полицијата, тој одел да го погледне изворот кој се наоѓа на 10 метри зад куќата. а во тој момент паднал одрон.

„Целата задна страна од куќата е целосно уништена, постои само предната фасада“, пренел градоначалникот на тоа место во покраината Корушка, Матиас Крен.

Србинка и нејзиниот син заработиле огромна сума на пари

Српската чистачка и нејзиниот невработен син се пријавиле кога австриската полиција итно побарала преведувачи за ромски јазик. Двајцата заработиле огромна сума на пари.

Кога злосторствата кои ги направиле Србите и Ромите забележително се зголемиле во Виена, истражувачите на почетокот буквално биле без зборови. При телефонско следење не разбрале ниту збор. На испитување често доаѓало до „недоразбирање“, а потоа и ослободување од пресудите на суд. Не ратко: преведувачи биле итно барани - и првобитното решение наизглед било близу. Затоа што чистењето канцеларии делумно го извршувале помошници кои зборувале на српски и ромски јазик.

Една од нив била 53-годишната Весна Д., новодоселена и според зборовите на колегите, неписмена. И така во 2006 година чистачката во полиција станала добро платен преведувач. Годишната плата ѝ изнесувала околу 100.000 евра. Србинката до 2016 година заработила 1.163.397 евра - повеќе од просечна плата во Австрија. Весна, во 2010 година, својот невработе син 36-годишниот Драган го вовела во работата, па и тој почнал добро да заработува - за 6 години земал 740.176 евра.

Но, се случил проблем. Преведувачите имаат проблем со зборот „данок“, Двајцата никогаш не плаќале данок на доход и промет. Вкупната штета од 741.000 евра во средата им била наплатена на двајцата. 

Австриската јавност чека исход од новите процеси за уште 20 преведувачи слични на Весна и Драган кои во моментов се под истрага. И нив полицијата ги ангажирала под ист принцип - затоа што им биле колеги и веднаш достапни за хонорарна работа.

Русија смета дека Северна Македонија и Албанија не се подготвени за членство во ЕУ

Русија го оправдува спротивставувањето на Макрон на проширувањето на ЕУ.

Владимир Чижов,  амбасадор на Русија во ЕУ  вели дека Макрон „има поента“ кога тој тврди дека ЕУ треба да се справи со тензиите меѓу своите членки пред да започне разговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија.

„Претседателот Макрон има поента кога вели дека ЕУ треба прво да се справи со своите внатрешни работи пред да продолжи со проширувањето“, рече изјави амбасадорот Чижов во интервју за Фајненшл тајмс, бранејќи ја политиката на францускиот претседател и истакнувајќи ја поделбата меѓу европските сојузници.

Според него ниту Македонија, а уште помалку Албанија се подготвени за пристапни преговори.

„И секако објективно, претерување  е да се каже дека и Северна Македонија, особено Албанија, се подготвени за членство, – со сета почит кон тие две држави” изјави рускиот амбасадор во Брисел кој на таа функција се наоѓа од 2005 година.

Популарно