ФОТО: Андријана Лима во фустан прогласен за модна катастрофа

Поранешниот модел на Викторија Сикрет, пред некој ден се појави на доделба на наградата Breakthrough Prize, позната како Оскари за наука. Станува збор за награди кои се доделуваат на научниците кои најмногу допринеле на светската наука во полето на математика, фундаментална физика и природни науки.

Церемонијата за доделбата беше одржана во Калифорнија и на неа присуствуваа бројни познати личности како Карла Клос, Тајра Бенкс, Лени Кравиц, Дру Баримор и Адријана Лима.

ФОТО: Војвотката прошета во тесен, чипкан фустан

Војводата и војвотката од Кембриџ синоќа беа главни гости на престижниот Royal Variety префромансот во лондонскиот театар Паладијум, а тие ја оправдале оваа чест и се појавиле во гламурозни изданија.

Додека принцот се определил за класика - црно одело и бела кошула, Кејт се одлучила за промена.

Убавата 37-годишна војвотка решила да оди со многу заводлив фустан, односно сексипилна креација.

Облекла долга тесна тоалета од брендот Alexander McQueen од црна проѕирна чипка, под која натирала месо боја постава. Како ви се допаѓа?

Цеца проговори околу нејзиното враќање

Анастасија ќерката на Цеца Ражнатовиќ се врати во вилата на Дедиње по неколкумесечно живеење со своето момче Ѓорѓе Куљиќ.

Цеца проговори околу нејзиното враќање.Таа вели – нејзината куќа секогаш ќе биде и на Анастасија, а каде може да биде поубаво од кај мама?

“Анастасија не се врати дома, бидејќи таа и не замина засекогаш, таа вест беше пренапумпана. Мојата куќа е засекогаш и нејзин дом”, рече Цеца, додавајќи:

„Каде и да е Анастасија, на кој било крај на светот, таа има своја куќа. Секако, таа е назад кај мајка си, бидејќи нема подобро од кај мама“-завршува Цеца ставајќи точка околу приказните за селидбата на Анастасија и заедничкиот живот со момчето.

Таа раскажа за непријатностите што и се случиле на почетокот на кариерата

Многуте имиња од Холивуд во последно време раскажуваат за непријатните случки од почетокот на нивната кариера. Така и пејачката и актерка Џенифер Лопез призна дека и самата се нашла во непријатна ситуација кога режисер од неа да направи некои работи ако сака да добие улога.

Нејзиното признание предизвика скандал во тамошната филмска индустрија, а таблоидите не престануваат да пишуваат на таа тема.

Џенифер изјавила дека не била жртва на злоставување или нечија немилост, но поминала низ доста непријатни ситуации.

Признава дека се работи за позната личност од светот на филмот, но не сака да го открие неговото име:

-Тоа се случи кога требаше да го снимам еден од моите први филмови. Ни малку не ми беше пријатно. Режисерот му кажа да ја соблечам маицата и да му ги покажам градите. Дали го направив тоа? Не! Свесна бев дека таквото однесување не е во ред и го одбив неговото барање, открива Џенифер Лопез.

Популарно